Најголемата сензација во 3. рунда од англискиот Лига Куп се случи синоќа кога Дерби од Чемпионшип на пенали го совлада Манчестер Јунајтед по нерешените 2:2 во основното време.
Интересно е што тренер на Дерби е Френк Лампард, човекот кој стана светска ѕвезда токму под водство на Жозе Мурињо.
Френк седна на клупата на Дерби летово откако потпиша 3-годишен дговор.
Тренерското видување Лампард го формулира на следните начини: мотивира како Мурињо, разговара со играчите како Анчелоти, мудар е и трпелив како Гус Хидинк и работи со младите како Хари Реднап.
Во моментов Дерби Каунти е 6. место во Чемпионшип (16 бодови после 9 кола).
***
На „Олд Трафорд“ синоќа Мурињо го промеша составот па од стандардните првотимци во составот беа Лингард, Лукаку, Матиќ и 19-годишниот бек Диого Далот. Не играа Пол Погба за кого неколку часа пред мечот се испостави дека Мурињо му рекол дека веќе никогаш нема да ја носи капитенската лента ниту ќе биде вице-капитен (Погба ја носеше траката во отсуство на Валенсија).
Сево ова можеби е поврзано со коментарите после очајниот меч со Вулверхемптон (1:1) во првенството. На тој дуел Јунајтед одново изгуби драгоцени бодови а Пол им кажа на новинарите дека екипата е должна повеќе да напаѓа. Многумина го сфатија ова како напад на стилот на игра на Мурињо.
****
Синоќа Дерби Каунти одигра витешки фудбал на тешкото гостување. Првиот гол во мрежата на Јунајтед го даде Хари Вилсон, фудбалер од среден ред, позајмен од Ливерпул. Тој го прослави голот како и Фернандо Торес на времето, со отворена шака и пет прсти во знак на петте триумфи на Ливерпул во Лигата на шампионите (Јунајтед има три трофеи во ЛШ).
Клучен момент на мечот се случи во вториот дел кога Серхио Ромеро доби црвен картон поради игра со рака надвор од својот шеснаесетник при резултат 1:1. На пет минути пред крајот Дерби постигна втор гола за 1:2 но Маруан Фелаини со глава израмни во судиското продолжение.
Во серијата пенали 8 играчи на Дерби дадоа гол а кај Манчестер 7 фудбалери беа прецизни, но промаши Фил Џонс и Јунајтед срамно испадна рано од Лига Купот.
После мечот Френк Лампард изјави: „Во шок сум. Да примиш така брзо гол на „Олд Трафорд“ и потоа здраво да играш како што игравме ние е неверојатно. Имавме карактер, горд сум на екипата. Се трудам да постројам успешен тим и оваа вечер е просто неверојатна. Да излезеш против играчи од светска класа и така да играш!“
Според статистиката на WhoScored, Дерби не бил послаб од Манчестер Јунајтед. Момците на Лампард имале повеќе шутеви кон противничкиот гол (16 од кои 6 директни - Јунајтед имал 14 од кои 4 директни). Освен тоа Дерби имал поголем посед на топка (53% наспроти 47%), како и попрецизни додавања (79% против 75%).
****
Френк Лампард ги помина најдобрите години во кариерата во Челси на Жозе Мурињо. Лампард на „Стемфорд Бриџ“ дојде во 2001 година, три години пред да дојде Мурињо. Во првата сезона на Жозе во Лондон (2004/2005) Френк постави личен рекорд по бројот на голови во една сезона (15). Под водство на Мурињо Лампард два пати стана шампион на Англија откако ја освои титулата и стигна до второ место во гласањето за „Златна топка“.