Руни со волеј до британските власти: Нè третирате ко морски прасиња

Вејн Руни ретко се огласува на нефудбалски теми, но ситуацијата со коронавирусот го натерала да распали по актуелната влада. Напиша колумна за The Sunday Times.

„За среќа, фудбалските власти донесоа исправна одлука - неопходно беше сезоната да прекине. Фудбалот е игра која сите ја сакаме и гледаме, но кога настанува светска криза како во случајов со корнавирусот, треба да носите одлуки.

Да, луѓето се нервираат, но во секој случај фудбалот треба да биде на второ место. Тоа е спорт, а ова е повеќе од спорт. Кога животите на луѓето се под закана, должни сте да ги одложите натпреварите. Неважно е дали се борите за титула или промоција, за испаѓање или за еврокупови.

Зошто толку чекаа до петокот? Дали требаше Микел Артета да се зарази за да одлучат? Цела недела беше вознемирувачка за играчите, клупските работници и нивните семејства - осетивме дека владата, ФА и Премиер лига не делуваат доволно. Се надевам дека ќе извлечеме поуки од оваа ситуација, зошто сега нè чека ништо помалку важно решение: кога одново ќе почнеме да играме?

Според мене само тогаш кога ќе бидеме сигурни дека е апсолутно безопасно за играчите, навивачите и сите останати. Чиновниците се должни да донесат исправно решение. Ако некој од моето семејство заболе, а јас морам да играм, сериозно ќе размислам дали да се вратам во фудбалот. Никогаш нема да им го простам тоа на властите. Да, јас сум еден од илјадници фудбалери но сигурен сум дека многу од нас размислуваат така.

Во четвртокот трениравме и чекавме прес на Борис Џонсон. Бевме вознемирени, сабајлето слушнавме дека тројца играчи на Лестер имаат симптоми на коронавирус. А ние требаше да играме со Милвол кој минатата недела играше со Нотингем Форест чиј сопственик се зарази.

 

„Не сме вознемирени за нас, играчите се доволно силни, туку да не се пренесе вирусот на семејствата, пријателите, сите со кои контактираме. Не мислам дека некој сакаше сезоната да продолжи.

Фудбалерите на Дерби седеа во хотелски соби до 14.00 часот и чекаа Џонсон (премиерот на Велика Британија) да се огласи. Тој почна да збори дури во 17.00, а во тој момент јас веќе се вратив дома и седев пред телевизор. Повеќе чекав да видам што ќе биде со школите, имам четири мали деца. Но Борис кажа дека со школите се е во ред и дека не ги затвораат. На прашањето за спортот тој рече: „Подоцна ќе донесеме одлука“.

Во тој момент помислив: „Тој просто избегна одговорност, префрли се на ФА и Премиер лига. А кога ФА и Премиер лига исто не донесоа одлука, тоа веќе не ме чудеше.

Тројца играчи на Лестер имаа симптоми, а ние уште се собиравме да продолжиме (со фудбал). Подоцна се испостави дека Артера има вирус и Премиер лигата донесе одлука накнадно. Каква е разликата. Го сметаа Артета за неважен?

Тоа е типично за фудбалот. Лестер не е голем клуб за да направи бука и хаос, се е во ред, може да играте. Но после вирусот го зафати Арсенал, еден од поголемите клубови и лигата одма донесе одлука.

Сабајлето во петок дојдов на тренинг со опрема за да одиме за Лондон. Но во глава ми се вртеа други мисли: „Не сакам да одам, не сакам да играм, не сакам да го изложам семејството и навивачите во опасност.

Конечно донесоа нова одлука да не се игра. А претходно фудбалерите во Англија ги третираа како заморчиња. Останатите спортови прекинати, а ние продолжуваме. Сигурен сум дека многу фудбалери мислеа исто: можно ли е да е поврзано со парите?

Џонсон кажа: „Ќе биде уште полошо, луѓе ќе умираат“. Ок зошто не се обидоа да го спречат тоа? Зошто чекавме да се случи како во Италија? Јас бев во шок кога дознав дека фестивалот во Челтнем (од 10 до 13 март се одржаа трки со коњи) не е одложен. Не би се чудел ако Џонсон се кладел на некој коњ.

Зошто требаше да се прекине првенството? Многу луѓе мислат за нас фудбалерите дека сме суперхерои во кој има јак имунитет против секоја зараза. Но ние сме исто луѓе, тоа покажаа вирусите на Артета и Калум Хадсон-Одои.

Ни викаа мијте раце и не се ракувајте пред мечот, па не се допирајте со соиграчите на тренинзи. Луѓето не мислат на тоа дека физиотерапевтите треба да допираат по телото за нивните процедури. Помислете еднаш на тоа: за време на мечот буквално ги изложуваме нашите тела, даваме максимум, го трошиме имуниот систем. Се изморуваме и дехидрираме а такви во секоја минута може лесно да закачиме секаков вирус.

Ние почесто од секој просечно-статистички човек настинуваме и заболуваме зошто еднаш два пати неделно сме исцрпени и на организмот му треба одмор. Ракување пред мечот? Тоа е најмал од сите контакти во следните 90 минути.

На корнер се туркате, при слободни удари стоите во жив ѕид, се приближувате еден до друг, често сте во допир со крв и пот. Играта без гледачи не ги штити играчите. Да се мисли дека може да играме и натаму е глупо.

16 март 2020 - 11:25