Италијанските медиуми потсетуваат на 5 јануари 1997-ма и дуелот Интер - Рома, на кој Јури Џоркаеф се надмина себе си на Сан Сиро. За ремек делото доби честитки и од судијата Чезари и тоа веднаш после голот. Неверојатна акробација.
Јужно-американците ја викаат чилена (chilena), Италијанците ровешата (rovesciata), Бугарите задна ножица, Хрватите шкарице, кај нас ножички. Кои се автори на најубавите голови на овој начин?