Ерик АбидалЕрик Абидал потекнува од Мартиник, француската прекуморска островска територија во источниот дел на Карипско Море. Абидал за Франција играше од 2004 до 2013 година и настапи на 67 натпревари. По свадбата со поранешната гимнастичарка Хајет Кебир во 2007. година се преобрази во Исламот.
Мануел АморосПотекнува од Шпанија. За Франција постигна еден гол на 82 натпревари. Дресот на Галските петли го носеше од 1982 до 1992 година.
Николас АнелкаПотекнува од Мартиник. За Франција играше до пред пет години кога реши да ја заврши репрезентативната кариера. Од 1998 до 2010 година даде 14 голови на 69 натпревари за Триколорите.
Тиери АнриПотекнува од Гваделуп, територија од два острова на Карибите во состав на Заветрените Острови, Мали Антили. Гваделуп е прекуморски интегрален регион на Франција. Легендата на Арсенал одигра 123 меча за Франција и постигна 51 гол од 1997 до 2010-та.
Карим БенземаОпшто е познато дека Карим Бензема потекнува од Алжир. За репрезентацијата на Франција постигна 27 голови на 81 натпревар. Дебитираше во 2007-та и се очекува да биде ударна игла на Франција на ЕП следната година во оваа земја.
Патрик ВиераПотекнува од Сенегал. Важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на француската репрезентација. На 107 натпревари постигна шест голови, а дресот на Франција го носеше 12 години, од 1997 до 2009 година.
Силвен ВилторПотекнува од Мартиник. За Франција играше од 1999 до 2006 година и на 92 натпревари постигна 26 голови.
Вилијам ГаласПотекнува од Гваделуп, француската колонија. За осум години репрезентативна кариера одигра 84 натпревари и даде пет голови. Синиот дрес го носеше од 2002 до 2010.
Марсел ДесаиИма потекло од Гана. Со одбраната на Франција командуваше од 1993 до 2004 година. Одигра 116 меча и постигна 3 гола.
Дидие Дешамп
По потекло е од Баскија. Франција ја задолжи многу со одличните настапи за оваа земја од 1989 до 2000 година. На 103 натпревари постигна 4 голови. Во моментов е селектор на Франција.
Јури ЏоркаефПотеклото му е од Ерменија. За репрезентацијата на Франција играше 82 натпревари и постигна 28 голови од 1993 до 2002 година.
Зинедин ЗиданПрвата асоцијација на фудбалер на Франција кој потекнува од друга земја. Еден од великаните на оваа игра растел во Алжир, а за Франција на 108 меча даде 31 гол од 1994 до 2006 година.
Кристијан КарембеДоаѓа од Нова Каледонија, една од многуте француски колонии. На 54 меча за Франција даде 1 гол а играше за Галските петли од 1992 до 2002 година.
Биксант ЛизаразуПо потекло е Баскиец. Со Франција освојуваше ЕП и СП. На 97 меча постигна 2 гола од 1992 до 2004 година. Беше стандарден лев бек на Баерн Минхен.
Сите фудбалери на листава имаат по најмалку 50 натпревари за репрезентацијата на Франција. Припадноста на земјата или регионот е наведена по националноста на таткото или мајката.
Флоран МалудаПотекнува од Француска Гвајана, една од попознатите француски колонии. За Франција играше од 2004 до 2012 и на 81 меч постигн 9 голови.
Роберт ПиресИма потекло од Португалија, но тоа не му сметаше да заигра за Франција за која настапуваше од 1996 до 2004 година и постигна 14 голови на 79 натпревари.
Жан ТиганаСо Платини важеше за еден од најдобрите фудбалери на Франција. На 52 натпревари постигна 1 гол а играше за Франција од 1980 до 1988 година. Потеклото му е од Мали.
Давид ТрезегеИако повеќе Аргентинец отколку Француз (играше и во Ривер Плата), Давид Трезеге во дресот на Франција постигна дури 34 голови на 71 натпревар од 1998 до 2008 година.
Мариус ТрезорПотекнува од Гваделупе. Францускиот грб го носеше од 1971 до 1983 година и на 65 меча постигнал 4 голови за Триколорите.
Лилиан ТурамЛегендата на Јувентус за Франција одигра 124 натпревари и постигна 2 гола. Беше капитен во периодот од 1994 до 2008 година.
Луис ФернандесШпанец кој заигра за Франција и од 1982 до 1992 година забележа 60 настапи на кои постигна 6 голови. По завршувањето на кариерата стана тренер на неколку познати француски екипи.
Патрис ЕвраРетко кој знае дека легендарниот лев бек носи потекло од Африка, поточно од Сенегал. Настапи на 68 натпревари за Франција за која игра уште а дебитираше во 2004. година.