Таг: патрик виера

Бергкамп до Виера: шах - мат

За непобедливите на Арсен Венгер во 2003/2004 ќе се зборува и пишува и по 100 години. Тоа беше неповторлив состав со врвни имиња на секоја позиција. Погледнете што изрежираа Бергкамп и Виера во последно коло против Лестер. Изгледа едноставно, но е многу мајсторски.

Како чиракот Клод Пуел учел од занаетчијата Венгер

Францускиот тренер Клод Пуел утревечер по трет пат сезонава ќе се сретне со својот некогашен учител од играчките денови во Монако. Кога Венгер ја освоил дебитантската титула на клупата на Монако, продолжена рака на теренот му бил борбениот Клод Пуел.

Специјалитетот на Давид Виља и Пирло во Хјустон

Тренер на Њујорк Сити е Патрик Виера, а на Французинот му е лесно кога во тимот има генијалци како Пирло и Давид Виља. Синоќа победија на гостувањето против Хјустон Динамо и во моментов се први во Источната конференција на МЛС лигата.

20 години од првиот ден на професорот во Арсенал

Арсен Венгер денес слави јубилеј две децении на клупата на „Топџиите“. Дојде како иновативен тренер кој допринесе (уште допринесува) за развојот на убавиот фудбал. Во Премиер ги донесе Анелка, Виера и Тиери Анри и веќе во првата сезона освои двојна круна. Во последно време навивачите му замеруваат поради тоа што имал „змија во џебот“ и не троши пари за нови засилувања на тимот.

Нема сега ваков ривалитет

Една од оние сцени во Премиер лигата во време кога парите не беа до толку во прв план како што е сега со Арапи и Руси. Кошкањето почнува со Виера и Кин, ги двојат Бекам и Беркгамп, а се вмешува Јап Стам. Колку само тежина има видеово со овие за жал веќе поранешни фудбалери.

Најдобрите 11 што никогаш не освоиле ЛШ

Просто да не поверува човек дека играчи како Џиџи Буфон, Турам, Ибрахимовиќ и Роналдо никогаш не го кренале ушестиот пехар.

Француски репрезентативци кои не се целосно Французи

Дваесет и тројца фудбалери кои имаат потекло од други земји, ѝ ги донесоа најголемите успеси на француската фудбалска селекција во историјата.

Документарецот за Специјалниот

За еден од најдобрите тренери на денешницата зборуваат Франк Рајкард, Гари Линекер, Сер Алекс Фергусон, Патрик Виера, Пеп Гвардиола и останатиот крем на европскиот фудбал. Документарецот трае 45 минути и совршено го доловува карактерот на Жозе Мурињо.

Проститутки за судиите пред мечот Јуве - Нант

Поранешниот менаџер на Виера, Анри, Макелеле и Анелка, за Л'Екип раскажува анегдоти и извадоци од неговата биографска книга во која ги споменува најголемите фудбалски имиња.

Игра во средина: Арсенал и Ливерпул vs. Челзи

Арсенал и Ливерпул примаат повеќе голови откако се решија за конструктивна, а не деструктивна игра на теренот. Некогаш на средината доминираа повлечени играчи за врска како Виера, Пети, Алонсо и Маскерано, за сега одбраната на двата клуба не(до)волно да ѝ помагаат Лукас Леива и Микел Артета. Мурињо уште игра по старо.

Виера: Срамен избор во италијанскиот фудбал

Легендарниот француски фудбалер го искажа својот револт во врска со назначувањето на новиот претседател на италијанската фудбалска федерација, контроверзниот Карло Тавекио.

Долгата сага на трансферите

Летниот период за трансфери секоја година ни носи еден куп шпекулации во весниците кои на тој начин се обидуваат да ја зголемат продажбата. Некои од нив се остваруваат, а други се брзо се демантираат. Една од нејасните ситуации во моментов е онаа со фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал кој чилеанските медиуми го пренесоа на „Олд Трафорд“.

Очи во очи Рој Кин и Патрик Виера

Англичаните се цареви за тоа како знаат да издвојат и да не вратат во највозбудливите моменти од неодамнешната историја во Премиер лигата. Откако ја собраа златната генерација на Манчестер Јунајтед и направија документарец, сега им текна нешто уште покреативно со двајцата поранешни играчишта Кин и Виера.