Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат и браќата Гери и Фил Невил се пример за сите идни генерации како се стигнува до славата, но и до врвот во фудбалот, а како големи ѕвезди од „Олд Трафорд" ќе бидат дел од документарец насловен како „Генерацијата 92".
„Времето во Манчестер Јунајтед со овие играчи беше најпосебно во мојата кариера. Дојдовме со различен беграунд, пораснавме заедно во клубот, сите со иста цел како да бидеме успешни. На крај го постигнавме тоа што беше во нашите сништа, така што мило ми е што сега повторно ќе се обединиме и ќе зборуваме отворено за тоа време", вели Бекам.
Филмот ќе ги содржи кариерити на овие славни играчи од нивната младост па се до 1999 година кога стигнаа до трофејот во Лигата на шампионите, а дел од интервјуираните ќе бидат легендарните Ерик Кантона и Зинедин Зидан.
Единствениот од нив кој се уште е активен играч е ветеранот Рајан Гигс кој настапува на „Олд Трафорд" и кој овој месец ќе наполни 40 години.
„Овој филм ми дава шанса да се сетам на многу моменти, но не само од мојата кариера туку и на нивните. Тоа што ќе го видите е нешто лично од сите нас. Кој би одбил еден ваков филм кој имате можност да го снимате со најдобрите пријатели?“, вели ветеранот на Јунајтед.