Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?
Младинците на Манчестер играат одлична сезона во младинската ЛШ. Групната фаза ја завршија со 5 победи и 1 нерешена средба, без пораз. Попладнево победија 1-2 на гости кај Валенсија во натпревар на кој во 75’ минута во игра влезе 14-годишниот Шола Шоретаир кој стана најмлад дебитант во историјата на овој турнир.
Аматерскиот клуб Салфорд сити направи сензација во ФА купот каде го елиминираше третолигашот Нотс Каунти. Едни од најсреќните на трибина беа Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат кои заедно со Рајан Гигс и Фил Невил се газди на клубот.
Шестмината „Црвени Ѓаволи" кои беа дел од Јунајтед во деведесетите години станаа инспирација за документарен филм кој ќе се прикажува во Велика Британија од наредниот месец.