Сè почнало од еден навидум лабав муабет на пат од Лондон до Манчестер. Гери Невил и Рајан Гигс се враќале со семејството и разговарале за отворање фудбалска школа. Најреална им била идејата да купат некој мал клуб во близина, за тука да можат да играат локалните млади играчи.
Идејата брзо добила на реализација па решиле да го купат Салфорд Сити. Во една колумна за The Telegraph Гери Невил искрено признал: „Тогаш ни јас јас ни другарите-ортаци немавме појма каков е и во која лига игра Салфорд.
„Последен пат, кога јас бев таму на „Мур Лејн“, во еден од зелените квартови на Салфорд, на троторар имаше оставено телевиѕор, а на главната врата од стадионот стоеше натпис ѕа изгубена ласица“, пишува Најџ Тасел, автор на маестралната книга и патувања по пониските англиски дивизии The Bottom Corner: A Season with the Dreamers of Non-League Football“.
Тасел вели дека сè се сменило кога во Салфорд дошле браќата Невил и нивните другари од Генерацијата-92.
Судбината на ласицата не се знае, но оставениот телевизор имал симболична разврска: по објавувањето на супер документарниот серијал на БиБиСи, Салфорд станал најпознат клуб од фудбалското подземје.
На крајот од јануари 2019 на меч на Салфорд после долго време дошол и Дејвид Бекам, кој по крајот на обврските со Мајами во MLS, им се придружил на Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат и браќата Невил.
Секој од нив има по 10% од акциите на клубот, а останатите 40% ги држи сингапурскиот бизнисмен Питер Лим (сопственик на Валенсија и пријател со горенаведената дружина, бил и на погреб на татко им на Гери и Фил Невил).
„Моите рани манчестерски години ги поминав во Салфорд. Тука израснав“, рекол Бекс.
Генерацијата-92 одново е собрана, а во 2019 влегоа како мнозински акционери во Салфорд.
Salford City are delighted to announce that David Beckham has acquired shares in the club, subject to FA approval.#WeAreSalford 🦁🔴 pic.twitter.com/yA4ypdIPo5
— Salford City FC (@SalfordCityFC) January 23, 2019
****
Салфорд е дел од метрополата Голем Манчестер. Се наоѓа на 8 километри од „Олд Трафорд“. Во Салфорд до 1999-та се наоѓала и тренинг базата на Манчестер Јунајтед, а сега центарот „Клиф“ е за академија и за женски екипи.
Во Салфорд е роден Пол Сколс а дел од детството поминал Рајан Гигс. Салфорд е место познато по како мирно и спокојно, но по доаѓањето на „Генерација-92“ (така ги викаат Бекам, Гигс, Невил, Сколс и компанија зошто во 92 почнале да играат за Јунајтед заедно а има и документарец The Class of '92), тишината веќе ја снемало.
Во Салфорд доаѓаат телевизиски камермани, репортери, фотографи со цел да известат за клубот кој игра провинциски фудбал а е воден од гламурот на Премиер лигата.
Кога откупиле акции во Салфорд Сити, клубот бил осмолигаш а тие доживеале културолошки шок: стадионот „Мур Лејн“ бил на работ на пропаст, некои места имале затворен поглед поради бетонски столбови, тоалети немало ни на сон, светлата не работеле добро, прашина во ложата, скршени писоари...
Гери Невил се пошегувал: „На Салфорд му треба нов напаѓач или ремонт на купатило“? Добил одговор: „И тоа и тоа“?
Аматерскиот фудбал трпи многу нешта. Првиот тренинг почнал без топки а тренерот доцнел. Уште повесело било кога Салфорд на меч пред сезоната останал без тренер и неговиот помошник: Двајцата си отишле на одмор.
Од друга страна, Генерацијата-92’ сакала да воведе професионализам, а од друга сфаќале дека за повеќе од играчите фудбалот е само хоби како издувен филтер меѓу приватниот живот и работата.
Најголем фактор со кој се соочиле била сосема разумната трезвеност на локалците. Нивниот вообичаен секојдневен живот би можел да се смени ако клубот стане голем наеднаш.
Што ако им ги сменат клупските бои или не дај Боже, грбот? Уште на сето тоа доаѓањето на сингапурскиот бизнисмен Лим го предизвикал локалниот печат да постави прашање: вредеше ли да го дадеме клубот? Традицијата е нешто за што цврсто се држат навивачите и не е секому достапна.
Со Салфорд претходно многу години управувале 12 волонтери. Кој ја косел тревата, кој веќе 26 години правел бургери и варел чај, кој пуштал машина за опремата итн.
Мотивите им биле разни. На пример кабинерот Џим да не бил Салфорд ќе станел алкохоличар. Работата во клубот го одржувала и буквално го спасила. Во првата сезона под водство на новите газди, Салфорд драматично опстанал во седмата лига.
На почеток новите сопственици од Генерацијата-’92 имало други обврски - Бат работеше во школата на Манчестер Јунајтед, Гигс му беше помошник на Ван Гал а сега е селектор на Велс. Гери Невил е стручен коментатор на Скај а имаше и крајно неуспешна авантура во Валенсија кај Сингапурецот Питер Лим.
Ретко доаѓале на трибините.
Со текот на времето работите се смениле, дружината почесто била околу клубот и луѓето внимавале како се однесуваат.
Центарфорот Гарет Седон, кој во слободно време работел како фотомодел изјавил: „Во соблекувалната достоинствени сме пред нив за разлика од претходно. Замисли Сколс те гледа а ти даваш погрешен пас на десет метри и си викаш, овој ќе помисли како некој балван заработува за живот од фудбал. Нивното присуство не мотивира на секој меч“, рекол Седон.
ЗА 4 ГОДИНИ САЛФОРД СТИГНАЛ ДО 3-ТА ЛИГА
Би било чудно ако Салфорд со такви покровители и амбиции остане ист клуб како пред неколку години кога се почнало.
Тие добиле професионален статус и наместо триста гледачи на трибините сега имало повеќе од две ипол илјади луѓе.
Се појавила и женска екипа, детски тимови од разни категории. Резервниот тим првпат се пробил во втората рунда на младинскиот ФА Куп. Во 2015-та мечот од Купот меѓу Салфорд и Нотс Каунти го пренесувале во живо на BBC2. Салфорд победил 2:0 а натпреварот го следеле три милиони гледачи на телевизија.
Во моментов Салфорд Сити е на второ место во петтата англиска лига (заостанува 3 бода зад лидерот). Интересно е што тренер на екипата е Грем Александер кој во 2009 година играл во средниот ред на Барнли кој го победил Манчестер Јунајтед.
Секако дека парите и контактите на фамозните сопственици му даваат на Салфорд предност во однос на другите мали клубови. Кога во јули Салфорд потпишал договор со напаѓачот на шкотски Абердин Адам Руни (66 гола за 5 сезони во шкотската Премиер лига), сите викале дека не е фер како клуб од петта лига плаќа 4.000 фунти неделно за 31-годишниот Ирец.
На успесите на Салфорд им завидуваат конкурентите а најгласен е претседателот на Акрингтон кој го критикува Салфорд дека станува корпорација.
Гери Невил, кој по враќањето од Валенсија во студиото на Скај Спортс, потпиша договор вреден 500.000 фунти годишно, вели дека прав пример е Борнмут, мал клуб кој од ниските лиги стана учесник во Премиер лигата.
Салфорд игра на стадион со капацитет од 5.000 места а за исполнување на сонот Чемпионшиоп и некогаш Премиер лига, ќе им треба нов, сериозно голем стадион кој ќе ги исполнува условите.