Таг: пол сколс

15 години од немилосрдниот волеј на Пол Сколс

Од рубриката „На денешен ден“, фудбалскиот времеплов го извади тоа што не смее да не се одбележи, бидејќи е за огромна почит. Извонредната, фасцинантната, импресивната и неповторливата бомба на една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед. Ферги плескаше, Вила Парк се чудеше.

Како легендите го величаа легендарниот Пол Сколс

Сколс е еден од ретките феноменални играчи кој можеби не блескаше на секој натпревар, ама никогаш нема ни да го зезне. Дечкото беше константен, екстра корисен, опасен и на шут и да додавање и играч кој секој тренер посакуваше да го има во тим. 47 години полни денеска.

Топла приказна на денот - Пол Сколс црта за син му со аутизам

Некогашниот лидер и права легенда на Манчестер Јунајтед има занимливо хоби. Карантинските денови ги проаѓа во цртање за син му Ејден кој пати од аутизам.

Кога ќе ја исфрлиш од шеснаесетник, а ќе ја начека Сколс

Многу ценет играч кој вредеше злато да го имаш. Истово ќе ви го каже и Ферги. Може да му се случи да не блесне на некој меч, ама нема ни да го заебе. Беше задолжен да држи средина, ама кога ќе начекаше топка во негово поле за голманите немаше спас. Пред 13 години Астон Вила не го најде баш вистинскиот начин за расчистување после корнер.

Пол Сколс е гениј и на 44 години

Ако и оваа сезона Манчестер Јунајтед не успее да оствари задоволителни резултати, тогаш редно време е да почне да ги враќа легендите во клубот. На натпревар во чест на Винсент Компани, погледнете каков генијален потег изведе стариот добар лисец од средниот ред.

Клубот на Бекам, Гигс, браќата Невил и Сколс напредува многу добро

Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?

Како се гинеше во Јунајтед за време на Ферги

Што, ќе ми водите само 1:0 со Виган? Абе има да трчате сè додека не ги наполните па макар јазикот ви паднал до пупак. Тоа беше Манчестер Јунајтед, прво го гледаш Сколс како брка пресинг во напад, а по некоја секунда се вратил да покрие во одбрана. Сега главна преокупација во тимот е кавгата меѓу Мурињо и Погба за некое си видео што го постирал на Инстаграм.

За скромниот борец Пол Сколс, црвенокосиот принц од Салфорд

Неодамна наполни 43 години од кои 22 ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед. Важеше за најдобриот контролор на темпото на игра во историјата на Премиер лигата и идол на многу великани како Чави, Иниеста, Зидан, Фабрегас, Давидс.

Бербатов ги собра најголемите ѕвезди на меч во Софија

Во Софија се одигра ревијален меч меѓу United Stars - All Stars со предводници Димитар Бербатов и Луис Фиго. Дуелот пред 40.000 гледачи на стадионот „Васил Левски“ заврши 3:3 а приходите ќе одат за поддршка на младите таленти во Бугарија.

Какво играчиште беше Пол Сколс

Ќе речат е добро де не е страшно што промаши, не е шпиц. Епа и Пол Сколс не беше шпиц, па гледајте што правеше за Манчестер. На негова позиција сега игра еден дечко кој чини 105 милиони евра од кого сè уште го чекаме блесокот.

Волејот на Сколс и неговите конкуренти

На денешен ден пред точно 9 години, Пол Сколс на Вила Парк против Астон Вила го постигна еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата. По тој повод Премиер лигата на потесетува на целата листа со најатрактивни голови за декември 2006-та. Уживање е, ги има и Лампард, Дрогба, Есиен, Ван Перси...

Што велат легендите на Јунајтед за денешен Јунајтед?

Неколку легенди на Манчестер Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон отворено зборуваа за очајната состојба во екипата под водство на холандскиот стратег.

Овој Јунајтед е милион километри зад Барселона и Баерн

Поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед жестоко ги критикуваат играчите и нивната игра за која велат дека е досадна. Овен смета дека “стариот“ Јунајтед би ја дувнал оваа група за четири кола, а Рој Кин за Руни рече дека изгледа ужасно.

Легендите на Манчестер Јунајтед во улога на навивачи

Аматерскиот клуб Салфорд сити направи сензација во ФА купот каде го елиминираше третолигашот Нотс Каунти. Едни од најсреќните на трибина беа Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат кои заедно со Рајан Гигс и Фил Невил се газди на клубот.

Шутот на Пол Сколс на 40 години

Уште 10 пати да направеле рипит на видеово немале да претераат. Легендата на Манчестер Јунајтед е две години во пензија и шутира вака. 

Верноста на скромниот Пол Сколс

За него не сте можеле да слушнете лоши работи надвор од теренот, иако беше темпераментен на теренот. Живеел повлечено и сакал да игра фудбал. Сега оди по свој пат, но и натаму е во врска со играта која му даде многу, а тој ѝ даде уште повеќе.

Ние бевме 7-те џуџиња а Сер Алекс нè служеше супа и чај

Во колумната за Индепендент, Пол Сколс открива каква била божиќната прослава во Манчестер Јунајтед и како стручниот штаб ги служел играчите, кои ги глумеле Снежана и седумте џуџиња. Во неделата околу Божиќ, може да му побараш било што на Фергусон, а тој ќе те послужи како прав батлер.

Чави: Сколс и навивачите на Селтик се најдобри

Капитенот на Барселона објаснува зошто му се омилени поранешниот англиски репрезентативец и шкотските навивачи.

Сколс ги трола навивачите на Сити

Легендата на Јунајтед изјави дека тие не знаат да направат атмосфера на натпревар во Лигата на шампиони.

Сколс си е Сколс

Легендарниот Пол Сколс кој минатиот месец наполни 39 години не продолжи по стапките на Гигс кој не се откажува од Манчестер Јунајтед и на 40, но на меч во друштво на ветерани им покажа кој е кој.

Ѕвездите од генерацијата 92`

Шестмината „Црвени Ѓаволи" кои беа дел од Јунајтед во деведесетите години станаа инспирација за документарен филм кој ќе се прикажува во Велика Британија од наредниот месец.

Сколс стана тренер на шестолигаш

Пол Сколс отсекогаш бил тивок, па така и овој пат во најголема тајност легендата на Манчестер Јунајтед бил тренер на англискиот шестолигаш Стелибриџ Селтик.

Пензионираните легенди кои направија „кам бек“

Носталгија, пари и желба. Тука некаде треба да се бараат причините за фудбалерите кои откако ќе ги закачат копачките на клинец, не можат да се помират дека им завршил работниот стаж на теренот. Го облекуваат дресот, ја земаат топката в раце и назад на работа.

Играј во тим со Пол Сколс

Сонувате да одиграте еден фудбалски натпревар во екипа со легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс? Не е проблем, сега можете и да си го купите тоа задоволство кое ќе ве чини околу 17.000 евра.