Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед на гостување во тв изјави дека кога настапувал на меч од Европа, атмосферата која ја правеле навивачите била посебна, а Олд Трафорд се тресел.
„Кога одиш да го гледаш Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед гледаш дека атмосферата која ја прават навивачите е посебна, а овде не гледам дека е така, бидејќи тие не ја сфаќаат големината на мечот во ова натпреварување. Имаат тим со силни играчи, квалитетот дефинитовно не изостанува, но недостасува европската атмосфера која треба да ја направат навивачите“, рече Сколс за вчерашниот меч против Рома.
Истото мислење го дели и неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд кој критикуваше на твитер.
Стадионот Етихад има капацитет од 47.405 седишта, а Шеиците во август наредната година планираа да го зголемат на 62.000. Вчерашниот меч од ЛШ помеѓу Манчестер Сити и Рома го следеа 37.509 гледачи.