Бербатов ги собра најголемите ѕвезди на меч во Софија

Во Софија се одигра ревијален меч меѓу United Stars - All Stars со предводници Димитар Бербатов и Луис Фиго. Дуелот пред 40.000 гледачи на стадионот „Васил Левски“ заврши 3:3 а приходите ќе одат за поддршка на младите таленти во Бугарија.

За Јунајтед Стаарс играа: Дејвид Џејмс, Гери Невил, Немања Видиќ, Фил Невил, Патрис Евра, Рајан Гигс, Пол Сколс, Красимир Балаков, Роби Кин, Бербатов и Христо Стоичков кои ги водеше Мартин Јол.

За Ол Старс играа: Јенс Леман, Мичел Салгадо, Карлос Марчена, Иван Кордоба, Димаш, Роберт Пирес, Кристијан Карембу, Луис Фиго, Јари Литманен, Давид Трезеге, Предраг Мијатовиќ, Себастијан Фреј, Селестин Бабајаро, Емануел Пети, Луис Саха, Даниел Боримиров, Луиш Боа Морте, Симао Саброса и Шота Арвеладзе. Нив од клупата ги водеше Аврам Грант.

Најубавиот гол на мечот го даде легендарниот Давид Трезеге:

Хајлајтс и сите голови од натпреварот: