Таг: димитар бербатов

Колку само сличности има голот на Шо со оној на Бербатов

Има еден познат гол на Димитар Бербатов кој не се дава секој ден. Бугаринот му даде убавина бидејќи акцијата ја градеше од своја половина, а не чекаше во шеснаесетник како класична 9-ка. Лук Шо го повтори против Борнмут пред два дена.

Школската „маказа“ на Бербатов против Ливерпул

Бугарскиот центарфор играше толку префинет фудбал што беше право уживање да се гледа. По врвните настапи за Баер Леверкузен се изнадава голови во Тотенхем и круна на кариерата му беше Манчестер Јунајтед - 108 средби, 48 гола. Од нив и еден против омразениот ривал.

Најлабавиот гол на еден добро познат играч од Благоевград

Бугарија го просласи рекордни 7 пати за играч на годината, повеќе и од Христо Стоичков, Тотенхем го плати 16 милиони евра и го направи најскап бугарски фудбалер во историјата, за кој Манчестер потоа искешира дупло. Добро познат е и муабетот дека Вардар на 17 години го одбил со образложение дека не бил доволно талентиран.

Балкански дил на Видиќ и Бербатов во шеснаесетник

Бугарскиот напаѓач се мести во шеснасетник да ја збрца по изведен слободен удар на Роналдо, ама пола гол е на Немања кој му кажал на српски дека ќе му прави блог, за никој да не ги разбере. Договор е повеќе од успешен.

Бербатов ги коментираше своите најдраги голови

Легендарниот бугарски центарфор кој се изнадава голови за Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК, сега во едно интересно издание на УЕФА ги анализира своите погодоци.

Бербатов глуми мафијаш во нов бугарски филм

Најдобриот голгетер во историјата на репрезентацијата на Бугарија и легендарен шпиц на Манчестер Јунајтед се појави во игран филм.

И после не бил талентиран за Вардар

Играше во ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК и сега има 36 години и е слободен агент. Прогласуван е рекордни седум пати за најдобар играч во Бугарија, повеќе од Стоичков и е најдобар стрелец во историјата на својата репрезентација со 48 гола. Несфатливо е како може да не помине на проба кај нас играч со ваков осет за гол?

Бербатов ги собра најголемите ѕвезди на меч во Софија

Во Софија се одигра ревијален меч меѓу United Stars - All Stars со предводници Димитар Бербатов и Луис Фиго. Дуелот пред 40.000 гледачи на стадионот „Васил Левски“ заврши 3:3 а приходите ќе одат за поддршка на младите таленти во Бугарија.

Најубавите голови со ножички во Премиер лигата

Барнс, Карбоне, Колимор, Гудјонсен, Делап, Крауч, Амир Заки, Руни, Керол, Бентеке се само некои од играчите кои постигнаа сензационални голови со ножички во Премиер лигата. Мерак за очи.

Зошто никој не ги ангажираше овие петмина играчи?

И покрај тоа што се постари, битно се искусни, познати, играчи со реноме. Но никој не ги донесе за време на летниот трансфер период, а немаше ништо да загуби, можеше само да добие. Се работи за слободни агенти.

Бербат голот на Димитар Бербатов

Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.

Бербатов црта, а Чави и Пике берат печурки

БиБиСи направи листа на фудбалери кои во слободно време имат разни, необични хобии. Од Аршавин до Бербатов, неколку играчи одмор од вревата наоѓаат во интересни работи.

Бугарската петарда на Олд Трафорд

Левандовски не е прв со петка на еден натпревар. На денешен ден пред пет години до пет броеше и Димитар Бербатов против Блекбурн кога Јунајтед славеше со 7:1.

Најпознатите слободни фудбалери летово

Ова лето ќе биде лето на слободни играчи, затоа што на многу фудбалери им истекува договорот и од 1-ви јули 2015-та ќе можат без проблем да си бираат нов клуб.

Фудбалери кои пукаа петарди за 90 минути

На 1 март 1980-та година, Ипсвич го декласираше Манчестер Јунајтед со 6:0. 15 години подоцна, Црвените ѓаволи се одмаздија на поубедлив начин, а Енди Кол влезе на листата рекордери со пет голови на еден натпревар, на која се уште и Бербатов, Дефо, Ширер.

Бербатoв и Монако го декласираа Арсенал, падна и Атлетико

Во шест натпревари од групната фаза, Монако постигна четири голови, а вечерва на еден меч постигна три и тоа против Арсенал на гости. Роџер Шмит го надмудри Диего Симеоне со негова тактика, многу фаули, прекини и груби стартови.

Човекот кој ги одбил „неталентираните“ Меси и Левандовски

Сигурно сте ги слушнале приказните дека „скаутите" на Вардар ги одбиле Димитар Бербатов и Владимир Југовиќ затоа што не биле доволно добри, но еден човек е посебно неталентиран за одбирање на таленти. Претседателот на Џенова ги одбил Меси и Левандовски.

Карикатуристот Бербатов

Димитар Бербатов е познат по неговиот фудбалски талент, но има и некои други вештини во кои е добар надвор од теренот. Бугарскиот интернационалец црта карикатури на познати фаци и ги објавува на својата Фејсбук страна.