Фудбалери кои пукаа петарди за 90 минути

На 1 март 1980-та година, Ипсвич го декласираше Манчестер Јунајтед со 6:0. 15 години подоцна, Црвените ѓаволи се одмаздија на поубедлив начин, а Енди Кол влезе на листата рекордери со пет голови на еден натпревар, на која се уште и Бербатов, Дефо, Ширер.

На денешен ден, пред 15 години, Манчестер Јунајтед го пречека Ипсвич Таун во Премиер лигата. Попладне за заборав за Трактор момците (Tractor boys), а историски ден за паметење за напаѓачот на Манчестер, Енди Кол.

Кога селекторот на Англија, Глен Ходл го изостави Енди Кол од списокот патници за СП 1998, ја правдаше одлуката со тоа што на Енди Кол „му требале пет шанси за да даде еден гол". Против Ипсвич, тоа не беше случај. Ипсвич таа сезона беше предводен од тренерот Џоеџ Барли и иако се бореа за опстанок во лигата, на дуелите против Јунајтед се покажуваа како тврд орев. Особено на петте претходните, пред кобниот меч за нив на Трафорд.

Рој Кин го отвори резултатот во 15. минута, пред Енди Кол да постигне два гола за 3:0 на полувремето. Со бодовите веќе запишани на свое конто, наместо да одигра лежерно второ полувреме, Сер Алекс Фергусон реши екипата да додаде гас.

Кол го комплетираше хет-трикот веќе во 52. минута, по нафрлувањето на Денис Ирвин. Следуваа два гола на Марк Хјус (тренер на Стоук во моментов). До крајот Кол зголеми на 8:0 со нови два гола, а конечните 9:0 ги постигна Пол Инс.

Со пет голови на еден натпревар, легендарната деветка на Манчестер Јунајтед влезе во историјата на Премиер лигата. Идентичен подвиг со петки во 90 минути имаат уште и Алан Ширер, Димитар Бербатов и Џермејн Дефо.

Во дресот на Манчестер, пет голови на еден натпревар даде и Димитар Бербатов, против Блекбурн:

Џермејн Дефо од Тотенхем, му даде пет голови на Виган во триумфот од 9-1: