Човекот кој ги одбил „неталентираните“ Меси и Левандовски

Сигурно сте ги слушнале приказните дека „скаутите" на Вардар ги одбиле Димитар Бербатов и Владимир Југовиќ затоа што не биле доволно добри, но еден човек е посебно неталентиран за одбирање на таленти. Претседателот на Џенова ги одбил Меси и Левандовски.

Во 90-те години кога Владимир Југовиќ бил на почетокот на својата кариера, челниците на Црвена Звезда сакале тој да стекне искуство преку играње во првиот тим на некоја помала екипа и го понудиле во Вардар. Но за „скаутите" на Вардар тој не бил звучно име и не го сакале на позајмица. Следната сезона Југовиќ беше стандарден дел од тимот на светскиот шампион.

Неколку години подоцна, „скаутите" на Вардар повторно биле во акција. Овој пат тие отпатувале во Бугарија за да го гледаат Димитар Бербатов кој во тоа време настапувал за Пирин. 17-годишниот Бербатов не ги импресионирал челниците на Вардар и наместо во нашиот тим, тој потпиша за ЦСКА Софија, а потоа следуваа Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам...

Но еден човек посебно се истакнува со неговите можеби најлоши проценки во историјата на фудбалот. Тоа е Енрико Прециози, претседателот на Џенова.

Во минатото Прециози бил претседател на фудбалскиот клуб Комо и во тоа време му бил понуден еден 14-годишен фудбалер, но тој го одбил. Денес тој фудбалер игра за Барселона и 4 пати е прогласуван за најдобар фудбалер на светот.

Освен Меси, претседателот на Џенова оваа недела се истакна и со уште една негова проценка. Во 2010-та година тој го одбиле фудбалерот на полски Лех - Роберт Левандовски.

Во тоа време бевме многу јаки во нападот, но секако не очекувавме дека Левандовски ќе се развие во ваков врвен играч", изјави Прециози.