Италија го има голот на месецот и сигурно еден од најјаките слободни удари на сезоната. Мајсторот е Руслан Малиновски од Џенова. На Адриано нè потсети со ударов. Јако ја опали.
Е до таму оди градското ривалство во италијанскиот фудбал. Сампдорија за прв во историја испадна не во Б, туку во Серија Ц. Навивачите на Џенова славеа на големо мислиш Скудето освоиле.
Резултатски не им значи ништо голов, бидејќи Росонерите им ја свртеа на 1:2 во рок од 2 минути. Ама ова сепак е убаво за гледање и многу фудбалски изведено. 15 секунди, 6 додавања. За мерак.
Ќе речеш понеделник, ни шах нема од спорт на тв, а фудбалите си течат и во најнепопуларниот ден за спорт. Џенова ја совлада Венеција со 2:0, а Андреа Пинамонти се кандидираше за гол на колото. Многу фудбалски одиграно.
Најстариот италијански клуб роден 1893 и деветкратен првак, направи експресен кам бек во Серија А по само една година и се размина со Сампдорија, што не значи градот и следната сезона нема да ужива во дербито. Враќањето го слават како титула, а моќниот клип го крстија „One year only“.
Додека го имаа Пандев се спасуваа, потоа дојдоа некои Американци за газди кои очигледно не сфаќаат што значи да го имаш Горан во тим и ете ги до каде стигнаа. Кам бек во втора лига.
Андриј Шевченко дебитираше на клупата на Џенова, а капитенската лента му ја даде на Горан Пандев. Но шоуто им го украде анонимус од Гана по име Феликс Афена Гјан кој има само 18 години.
Џенова и Верона одиграа луд натпревар со 6 гола и без победник. Горан Пандев влезе во второто полувреме и помогна неговиот тим да направи пресврт од 0:2 на 3:2 и тоа за 8 минути од 77-ма до 85-та минута. На третиот гол запиша асистенција до Матиа Дестро кој трчаше како на штафета и успеа атрактивно да ја заврши акцијата. Гостите израмнија преку Калиниќ во судиското продолжение.
И покрај тоа што целите кои ги постави ги исполни, а тоа се пласман со Македонија на ЕП и опстанок со Џенова, сепак Горан Пандев ја продолжи за уште една година неговата 20 годишна блескава кариера во италијанската елита.
Блескавата и долга кариера во Италија на нашиот сега веќе поранешен капитен е инспирација за многу генерации фудбалери. Со него од неодамна има среќа да тренира дете – бегалец од војна, кое добива совети како да го фати вистинскиот пат.
Уште една сезона ќе уживаме во фудбалските мајстории на генијалецот од Струмица кој откако се повлече од репрезентативната кариера, реши да одигра уште една година на клупско ниво.
Ова е приказна за најегзотичниот трансфер летово. Висок центарфор откако научил како се жртвува јаре во Узбекистан, па преку Ростов на Дон стигна до Џенова, сега ќе го води нападот на Рома кој е голема одговорност. Го планираат за наследник на Џеко.
Не стивнуваат позитивните зборови за нашата најголема фудбалска легенда од сите страни на светот. За Гоче пред Евро 2020 пофално се пишува од Австралија до Америка.
Со головите на Ѕапакоста и Шомуродов, Џенова оствари гостинска победа против Болоња од 0:2, вредна злато. На 3 кола до крај можат слободно да се опуштат и да играат без притисок, бидејќи обезбедија математички опстанок во Серија А. Пандев играше 70 минути.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска со својата Џенова изгуби од шампионот Јувентус 3:1. Гоче одигра 63 минути и не успеа да ја затресе мрежата на тимот кој неколку пати го матираше во минатото. Во еден момент Пандев разговараше и се посмеа со Буфон, па многумина нагаѓаат дека се шегувале за пензијата.
Од недела во недела нашиот најдобар фудбалер на сите времиња поставува нови достигнувања, рекорди и подвизи. На 37 години во една од трите најсилни лиги на светот.
Уште неосвестени од голот на Пандев во 11 минута, фудбалерите примија и втор од нивниот поранешен напаѓач. Повторно направија слична грешна во додавање и Горан повторно ги казни. Овој пат со мајсторски ролинг на кој настрада Манолас. Топ не го бие капитенот на Македонија.
Капитенот на Македонија, во неделата на мечот Џенова - Каљари (1:0) влезе во игра во 62' минута наместо стрелецот на единствениот гол Матиа Дестро и постави нови рекорди.
Златни 3 бода за Џенова во битката за опстанок која победува само втор пат сезонава. Кам бекот на Балардини на клупа му се посреќи на гости против Специја која ја совладаа со пресврт 1:2. Пандев украде топка, тргна соло и му ја даде на тацна на Дестро за 1:1, а Кришито во второ ја реши од пенал.
Јувентус го преброди гостувањето кај Џенова и победи со 1-3 минатиот викенд. Два гола за гостите од пенал даде Кристијано Роналдо кој си муабетеше со домашниот голман и негов добар пријател Матиа Перин.
Капитенот на македонската репрезентација бил исплашен дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата ујдурма му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.
Основан во далечната 1893-та, фудбалскиот клуб Џенова важи за најстар во цела Италија. Нивниот дрес веќе неколку сезони со голем успех го носи капитенот Горан Пандев кој лани ги спаси од испаѓање од Серија А.
Градското дерби Џенова - Сампдорија заврши 1:1, Пандев го одигра цел натпревар, а негов удар кон гол во магла се гледаше во пренос поради факел, веројатно лансиран од зад трибини. На беше трибини беше празно, а судијата покажуваше нагоре со прстот.