Целиот мајтап го организираат дечките од „Ле Иене“, италијански комичари кои во минатото правеа епски скриени камери со Гатузо, Тоти, Пирло и други познати ѕвезди кои се препотуваа додека не им кажаа дека е скриена камера.
Ујдурмата почнува така што соиграчот од Џенова, Доменико Кришито организира вечера кај него дома за соиграчите. Стоперот Давиде Бираски и уште еден соиграч го земаат Горан од дома со кола и циркузот почнува. Гоче вика дека е мртов гладен од тренингот, а Бираски намерно вози брзо додека Пандев се прекрстува и го прашува: „Пијан ли си, што ти е, глеј колку полиција има, сакаш вечер да завршам во затвор, да преспијам таму“?
Во еден момент Бираски подригнува на цел глас, а Пандев збунет го прашува: „А така а? Нема срам, а?“
На крај по сите перипетии во сообраќај, стигнуваат кај Кришито на вечера каде се уште двајца „уиграни соиграчи“ Стефано Стураро и голманот Матија Перин. Кришито вели дека Џенова сакала да го продаде во Болоња, ама он одбил. Пандев веќе е уште позбунет.
„Ќе му се јавам на Михајловиќ сега да прашаме“, вели Горан, а Кришито одбива: „Не, не, веќе им кажав. Ми го одмилија фудбалот, не ми се игра веќе, ќе се повлечам“.
Кришито додава дека имал понуда од Индија на што Пандев вели: „Каде, Индија? Хм, добра е Индија“.
Сите знаат за скриената камера, а македонскиот репрезентативец одлично ги забавува. Во еден момент на вечерата, на Пандев му се јавува менаџерот Леонардо Корси да го извести дека претседателот на клубот Прециози решил да го продаде во клуб во Индија за многу пари.
Пандев во прв момент мисли дека е шега, но менаџерот „мртов-ладен“ продолжува да му објаснува детали од трансферот и дека клубот кој го купил неговиот договор е Ченаијин.
„А колку пари ќе дадат?“, во шега прашува Горан.
Корси на Пандев му кажува дека ќе земе 72 милиони евра за 3 сезони плус бонус од 10 милиони евра ако освои некои Куп Дурант, легендарен во Индија.
Во тој момент Горан почнува да се поти, веќе убеден дека менаџерот е многу сериозен и почнува да коментира со соиграчите.
„Ма каков Ченаијин каква Индија! Ако не се убијам таму, нигде нема да се убијам. Што ќе ми речат од дома“, вели капитенот на Македонија.
Во целата местенка, менаџерот и Кришито заедно со познатите мајтапџии „Ле Иене“, ангажирале и „навивачи“ кои откако ја слушнавле веста излегуваат на протести и носат парола: „Пандев предавник!“
Пред домот на Кришито во кој Пандев бил на вечера, тифозите почнуваат да скандираат против него и да викаат. Горан излегува надвор да им објасни дека не потпишал ништо и по кратко време му кажуваат дека е скриена камера.
Погледнете го целото шоу тука