Навивачите на Сампдорија „ја погребаа“ Џенова

Додека го имаа Пандев се спасуваа, потоа дојдоа некои Американци за газди кои очигледно не сфаќаат што значи да го имаш Горан во тим и ете ги до каде стигнаа. Кам бек во втора лига.

Најстариот италијански клуб, Џенова кој постои од 1893 година, клизна во Серија А после 15 години пауза. Неуспешната сезона за нив заврши викендов откако во претпоследно коло беа поразени од Наполи со 3:0.

За болката да биде им поголема, навивачите на овој тим ден потоа не можеа да излезат низ град, бидејќи ќе се судреа со најголемите ривали кои се шетаа со крстови в раце.

Сампдорија која и онака беше математички спасена, ја декласираше Фиорентина со 4:1, а навивачите се организираа и направија голема фешта.

Тоа што навивачите на Џенова им го направија во 2011-та кога Сампдорија испадна во втора лига, сега овие им го вратија.

Почнаа на Луиџи Ферарис истакнувајќи ја буквата Б, потоа извадија ковчези и крстови за да им симболизираат погреб на градските ривали.

Кулминацијата се случи низ улиците на Џенова каде пукаа и огномет.

Пандев: Четири дена не спиев после заминувањето од Џенова

18 мај 2022 - 10:01