Веќе седма сезона во низа со душа ги следевме резултатите, а и натпреварите на Џенова поради нашата фудбалска легенда Горан Пандев.
Но со смената на управата, најстариот италијански клуб како да ја изгубил душата. По неуспешната авантура на Шевченко, ангажираа анонимен тренер од Германија кој не знае за победа, а со Пандев се разделија неочекувано и без емоции. Четири дена не спиел Гоче откако си заминал.
На 9 кола до крај, Александер Блесин има тешка задача за да го спаси клубот од испаѓање, бидејќи во моментов е краток за 6 бода. Тоа се две победи, ама и два кикса на конкурентот, а Германецот не знае да победува и деновиве им отвори работа на статистичарите.
Замислете, сите негови средби откако ја води Џенова завршиле без победник и за прв во историјата овој клуб игра седум нерешени средби во низа.
Таква серија врзале Чезена, Удинезе, Јувентус, Каљари, Мантова и Рома, а во поново време само Интер под водство на Роберто Манчини.
Џенова во следно коло и гостува на Болоња и во случај на нерешен резултат би го стигнала рекордерот Варезе кој во сезоната 1970/1971 има одиграно 8 ремија во низа.
7 - #Genoa have drawn 7 Serie A matches in a row for the first time in their history; in the last 30 years, only Inter have drawn 7 top Italian league games in a row (between October and November 2004, under Roberto Mancini). Balance.#AtalantaGenoa
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) March 13, 2022
Последните седум резултати на Џенова под водство на новиот тренер изгледаат вака:
Џенова – Удинезе 0:0
Рома – Џенова 0:0
Џенова – Салернитана 1:1
Венеција – Џенова 1:1
Џенова – Интер 0:0
Џенова – Емполи 0:0
Аталанта – Џенова 0:0