Пандев му асистираше на Дестро, а овој со шише в рака даде гол
Џенова и Верона одиграа луд натпревар со 6 гола и без победник. Горан Пандев влезе во второто полувреме и помогна неговиот тим да направи пресврт од 0:2 на 3:2 и тоа за 8 минути од 77-ма до 85-та минута. На третиот гол запиша асистенција до Матиа Дестро кој трчаше како на штафета и успеа атрактивно да ја заврши акцијата. Гостите израмнија преку Калиниќ во судиското продолжение.