Таг: матиа дестро

Велемајсторски гол на Дестро од Џенова

Серија А ја стартуваше 2022-ра со четири одложени натпревари поради многу позитивни од Ковид. Една од средбите која се игра е Сасуоло - Џенова, на која Андриј Шевченко се обидува да стигне до деби победа како тренер на Џенова. Резултатот го отворија гостите уште во 7 минута преку атракцијата на Матиа Дестро. Пандев е на клупа.

Пандев му асистираше на Дестро, а овој со шише в рака даде гол

Џенова и Верона одиграа луд натпревар со 6 гола и без победник. Горан Пандев влезе во второто полувреме и помогна неговиот тим да направи пресврт од 0:2 на 3:2 и тоа за 8 минути од 77-ма до 85-та минута. На третиот гол запиша асистенција до Матиа Дестро кој трчаше како на штафета и успеа атрактивно да ја заврши акцијата. Гостите израмнија преку Калиниќ во судиското продолжение.

Гоче кога ќе ја одигра во напад, одиграна е

Златни 3 бода за Џенова во битката за опстанок која победува само втор пат сезонава. Кам бекот на Балардини на клупа му се посреќи на гости против Специја која ја совладаа со пресврт 1:2. Пандев украде топка, тргна соло и му ја даде на тацна на Дестро за 1:1, а Кришито во второ ја реши од пенал.

Ова се дава со заврзани очи

Матиа Дестро беше член на Рома и Милан, ама изгледа од што толку го бива сега игра за Болоња, која загуби од Спал 1:0. Главен виновник за поразот беше 26 годишниот италијански напаѓач кој се посрамоти како никој ова коло.

Јануарски преоден рок во Серија А - кој се снајде, а кој не

Дојде време да се подвлече црта и да се види кои од фудбалерите што ги засилија италијанските клубови навистина ги оправдаа очекувањата. Фиорентина го откри Салах и заборави на Куадрадо. Новиот дрес ги освежи уште и Нианг, Муриел и Макси Лопез. Интер со трансферите погоди половично, а Милан промаши целосно.

Пипо Инзаги 22 пати ги мешал картите

Тренерот на Милан сезонава ја даде капитенската лента на дури седум различни фудбалери. Инзаги повеќе од 20 пати се обиде да ја сложи сложувалката во екипата, но црвено-црните никако да ги исполнат очекувања на навивачите. Нема Европа и следната година?

Патувањата на Матиа Дестро

Новиот напаѓач на Милан има искуство во зимскиот преоден рок, затоа што во јануари 2011. година беше половина играч на Интер, а половина на Џенова. Нероаѕурите се откажаа од нивниот дел за Ранокија, а Дестро потоа замина за Тоскана.