Лукас Подолски - Интер
Роберто Манчини безрезервно му дава шанси, но Германецот уште не ги искористил. Дезориентиран на теренот, уште нема гол во дресот на Интер. До кога ќе трае трпението на Манчо?
Мохамед Салах - Фиорентина
Египќанецот е најпријатното изненадување во Серија А во февруари. Откако се поздравија со Куадрадо кој замина во Челси, навивачите на Фиорентина никогаш не веруваа дека во нивниот дом би можел да дојде фудбалер на исто ниво со Колумбиецот. Салах на шест настапи за виолетовите даде четири голови, а имаше и две асистенции.
Алесио Черчи (Милан)
Црвено-црниот дрес беше шанса Черчи да се врати во живот, по кратката и неуспешна авантура во Атлетико Мадрид. Сепак, кризата на Милан го зафати и него, така што со тренерот Инзаги има однос топло-ладно и почесто е на клупата.
Макси Лопез (Торино)
Аргентинецот смени неколку клубови во Италија, но во Торино го најде идеалниот амбиент за него. Се врати во некогашната форма од Катанија и е најзаслужен за фантастичниот период на Торино, кој игра одлично и во Серија А и во Лига Европа.
Маноло Габиадини (Наполи)
Во Сампдорија решеташе, а со рафалите продолжи и во Наполи. Седум месеци беше прв стрелец на тимот од Џенова, а на Сан Паоло веќе стана идол за само еден месец во кој постигна три гола.
Сејду Думбија (Рома)
Неправедно е по само три настапи за Рома да се носи суд за неговата форма, но тоа што го покажа против Парма не е доволно да се замисли како прв шпиц на Руди Гарсија. Да му дадеме уште еден месец.
Ѓердан Шаќири (Интер)
Веднаш по доаѓањето на Меаца, Швајцарецот покажа дека е светска класа, каква што навивачите на Интер не виделе уште од времето. Шампионски мастраф, кој Манчини треба да продолжи да го крои.
Луис Муриел (Сампдорија)
Претседателот на Дорија, Фереро се кладеше за напаѓачот и сега кога Колумбиецот ја оправда довербата, се испостави дека шефот бил во право. Со два гола на последните два меча, Муриел почна да покажува дека не заборавил да игра фудбал во Удинезе.
Самуел Ето (Сампдорија)
За разлика од неговиот клупски колега, Самуел Ето дојде на голема врата на Луиџи Ферарис во Џенова. Како што дојде во јануари, веднаш се скара со тренерот Михајловиќ, подоцна двајцата се смирија и Ето почна да си ја врши работата. Уште нема дадено гол, но во глобала игра добро.
М'Баје Нианг (Џенова)
За две години во Милан не даде ниту еден гол во Серија А. Дојде на дворот на тренерот Гасперини и стана стандарден во нападот. Асистенции и два гола во еден натпревар и совршен трансфер за Џенова.
Матиа Дестро (Милан)
Проклетството на црвено-црната деветка и натаму трае. По пензионирањето на Пипо Инзаги, дресот со број 9 и натаму нема прав сопственик. Целосно надвор од форма, само еден гол, недоволно за напаѓач од кој многу се очекуваше. И самиот Дестро изјави дека доаѓа во Милан да ги реши проблемите кои ги имаше во Рома.
Марсело Брозовиќ (Интер)
Манчини е тренер што кога ќе засака некој играч, тој му игра стандардно во тимот. Хрватот му донесе на Интер рамнотежа и стабилност во средниот ред и кога игра тој, игра добро и целиот состав.