Во основа во истражувањето објавено во Журналот за Сексуална медицина, се тврди дека жените кои имаат чести вагинални оргазми полесно постигнуваат климакс со мажи со голем пенис.
Заклучокот е изведен врз основа на искуствата на 323 жени, кои во истражувањето на Универзитетот на Западна Шкотска, ги раскажувале своите сексуални средби.
Испитаничките требало да одговорат дали им е потребна натпросечна или под просечна големина за да достигнат кулминација. Просекот бил дефиниран на 15 сантиметри (колку банкнота од 1.000 денари).
На крај изборот на големина бил директно поврзан со бројот на оргазми што во последниот месец ги имала една испитаничка.
"Ова може делумно да се должи на зголемената способност на пенисот да ја стимулира вагината по целата должина. Немирот кај мажите околу големината на пенисот на крај може да излезе и оправдан, а не последица на некој мачо стереотип," објаснува Стујарт Броди, психолог на Универзитетот.
Во студијата Журналот го релативизира евентуалниот неуспех на мажот и наведува дека вагиналните оргазми се помалку веројатни кај жените со слабо физичко или психичко здравје.
Пред осум месеци, истиот журнал објави студија според која вагиналниот оргазам и оргазмот од стимулирање на клиторисот се два сосема различни феномени кои активираат две различни области во мозокот.