Таг: алесио черчи

Јануарски преоден рок во Серија А - кој се снајде, а кој не

Дојде време да се подвлече црта и да се види кои од фудбалерите што ги засилија италијанските клубови навистина ги оправдаа очекувањата. Фиорентина го откри Салах и заборави на Куадрадо. Новиот дрес ги освежи уште и Нианг, Муриел и Макси Лопез. Интер со трансферите погоди половично, а Милан промаши целосно.

Пипо Инзаги 22 пати ги мешал картите

Тренерот на Милан сезонава ја даде капитенската лента на дури седум различни фудбалери. Инзаги повеќе од 20 пати се обиде да ја сложи сложувалката во екипата, но црвено-црните никако да ги исполнат очекувања на навивачите. Нема Европа и следната година?

Како Черчи ги минува пречките на тренинг

Галијани направи добар пазар со позајмицата на Черчи кој не се снајде во шпанскиот фудбал, ниту на тренинг.

Черчи вредеше 15, Галијани го донесе за 2 милиона

Галијани на позајмица во Милан го носи италијанскиот репрезентативец кој пред 4 месеци вредеше 15 милиони евра. Во замена го пушта Торес кој на 10 средби даде еден гол.