Шпанецот Диего Лопез досега е единствената јасна идеа на Филипо Инзаги, тренерот на Милан. Кога брани Лопез, Пипо ја знае и одбраната. Барем така велат сите постави на росонерите сезонава.
Филип Мексес 10 натпревари мина или на клупата или на трибините. Потоа одигра одлично против Сампдорија, а беше капитен на дербито против Интер. Тој беше еден од седумте капитени на Милан оваа сезона. Лево играше Армеро, па на негово место Де Шиљо. Десно играше Абате, а кога не играше Абате, Де Шиљо играше десен бек. Од класичен стопер, Адил Рами заигра и лев бек, но сега Инзаги ги има Антонели и Бокети и Французинот ќе се врати на матичната позиција.
На средината, Инзаги го сакаше Де Јонг заедно со Поли и Мунтари или Есиен. Сепак кога се врати капитенот Монтоливо, Инзаги го спои со Ван Хинкел, а понекогаш и со Сапонара, како на пример против Палермо. Не помина многу, а во средниот ред заигра и Бонавентура, иако е напаѓач.
Во нападот Менез е сигурен, Торес не беше сигурен. Потоа Торес заигра по желба на Берлускони, заедно со Ел Шарави. Во меѓувреме на Инзаги му го донесоа Черчи, кој е сигурен со Хонда. Пацини ретко игра во првите 11, а сега уште помалку ќе игра откако дојде Дестро.
Сложувалката на Инзаги е тешка за сложување, како и неговата формација.