Некои голови се целосно уникатни и неповторливи, а еден од нив е овој на Жереми Менез на гостување против Парма. Колку само со памет ја одигра и заврши оваа акција, ни самиот не е свесен.
Поранешниот француски репрезентативец држеше добра линија на клубови како Монако, Рома, ПСЖ, Милан, Бордо. Сега игра за францускиот второлигаш Париз, што значи не останал на таа линија.
Тренерот на Милан сезонава ја даде капитенската лента на дури седум различни фудбалери. Инзаги повеќе од 20 пати се обиде да ја сложи сложувалката во екипата, но црвено-црните никако да ги исполнат очекувања на навивачите. Нема Европа и следната година?
Адил Рами, Жереми Менез, Кеисуке Хонда и Рикардо Монтоливо снимаа реклама за јапонската компанија „Toyo Tires“ и се тркаа со спортскиот модел Ауди Р8 кој прв ќе даде гол преку цело Милано. Во меѓувреме, во помалку режираниот свет, Милан успешно го задржува 7-то место на табелата.
Во дуелот Парма - Милан кој донесе дури 9 гола и 2 исклучувања, Французинот Жереми Менез го направи потегот на викендот. На „Енио Тардини“ во дресот на Парма заигра и нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски.