Таг: адил рами

Фудбалот е емоција - светски првак плачеше зошто обезбедил опстанок

Стоперот Адил Рами во кариерата играше за Лил, Валенсија, Милан и Марсеј. Има 35 години и во 2018-та стана светски шампион. Сезонава игра за Боавишта во Португалија каде на 2 кола пред крајот обезбедија опстанок (во последно коло со гол во 88' минута од мечот), па Рами плачеше од среќа што избегнале испаѓање.

Адил Рами за хрватската претседателка и Миконос

За време на доделувањето на медалите и златниот пехар за победникот на финалето на Светското првенство се случија толку многу работи кои уште се прераскажуваат.

Памела Андерсон да ти се израдува на постигнат гол

По серија слаби резултати, Марсеј конечно победи, на домашен терен со 2-0 го совлада Дижон. Стрелец на првиот гол во 45+3’ минута беше стоперот Адил Рами кој летово се оженил за 18 години повозрасната Памела Андерсон.

Пипо Инзаги 22 пати ги мешал картите

Тренерот на Милан сезонава ја даде капитенската лента на дури седум различни фудбалери. Инзаги повеќе од 20 пати се обиде да ја сложи сложувалката во екипата, но црвено-црните никако да ги исполнат очекувања на навивачите. Нема Европа и следната година?

Милан vs Ауди Р8

Адил Рами, Жереми Менез, Кеисуке Хонда и Рикардо Монтоливо снимаа реклама за јапонската компанија „Toyo Tires“ и се тркаа со спортскиот модел Ауди Р8 кој прв ќе даде гол преку цело Милано. Во меѓувреме, во помалку режираниот свет, Милан успешно го задржува 7-то место на табелата.

Рами се повреди со „гангам стајл“

Францускиот репрезентативец Адил Рами ги налути навивачите на Валенсија откако го продолжи периодот за опоравување од повреда заради „гангам стајл".

Голчиштето на Рами од пола терен

Валенсија го победи третолигашот Љагостера во рамките на шпанскиот куп со 3:1, а голот на вечерта го постигна Адил Рами кој го совлада противничкиот голман со удар од 50 метри.