Фудбалот е емоција - светски првак плачеше зошто обезбедил опстанок
Стоперот Адил Рами во кариерата играше за Лил, Валенсија, Милан и Марсеј. Има 35 години и во 2018-та стана светски шампион. Сезонава игра за Боавишта во Португалија каде на 2 кола пред крајот обезбедија опстанок (во последно коло со гол во 88' минута од мечот), па Рами плачеше од среќа што избегнале испаѓање.
„Среќен сум што можам да кажам дека освоив Светско првенство и Лига Европа. Не сум Португалец и не сум од Боавишта, но сфаќам колкаво значење има овој клуб, се сплотив со срцата на навивачите“.