Стоперот Адил Рами во кариерата играше за Лил, Валенсија, Милан и Марсеј. Има 35 години и во 2018-та стана светски шампион. Сезонава игра за Боавишта во Португалија каде на 2 кола пред крајот обезбедија опстанок (во последно коло со гол во 88' минута од мечот), па Рами плачеше од среќа што избегнале испаѓање.