Патувањата на Матиа Дестро

Новиот напаѓач на Милан има искуство во зимскиот преоден рок, затоа што во јануари 2011. година беше половина играч на Интер, а половина на Џенова. Нероаѕурите се откажаа од нивниот дел за Ранокија, а Дестро потоа замина за Тоскана.

Правата вест вчера не беше дека Дестро му кажа „да“ на Милан, туку дека конечно преминува од еден клуб во друг како „целосен“ играч, а не половичен, затоа што досега секогаш припаѓаше на два клуба. Формулата 50-50% подразбира еден фудбалер да има договор со два клуба, кои меѓусебно би се договориле за која екипа да игра.
 
Првото искуство со договор пола-пола, Матиа Дестро го имаше во јули 2010. година. Дестро беше дел од младинската генерација на Интер предводена од Оби, Сантон и Калдирола. Со младинците на миланскиот клуб освои сè што можеше и беше најдобар стрелец на екипата, но кога требаше да заигра за првиот тим, се јави Џенова која купи половина од неговиот договор со Интер.
 

Џенова го доведе на позајмица со можност за откуп на договорот, а во спротивна насока Интер стекна половина од договорот со Ранокија, кој остана на Мараси уште неколку месеци. Интер во јануари сфати дека му треба одбранбен играч и ја откупи и втората половина од договорот на Ранокија со Џенова.
 
Како Ранокија во Милано, така и Дестро во целост стана играч на Џенова во јануари 2010. година. Сепак тоа не траеше долго, затоа што во јули 2011. година, Сиена купи половина од договорот на Дестро со Џенова. Токму во Тоскана, во дресот на Сиена Дестро одигра одлична сезона и даде 12 голови во првенството, со што ја заинтересира Рома за неговите услуги.
 

Џалоросите седнаа на маса со луѓето од Џенова и Сиена, сопственици на двете половини од договорот и решија во целост да го купат Матиа Дестро кој конечно расчисти со себе. Првата сезона во Рома не играше стандардно, но веќе во втората година на Олимпико даваше во просек гол на секои 93' минути, по што доби повик за настап во репрезентацијата на Италија на СП 2014 во Бразил.
 
Францускиот тренер на Рома, Руди Гарсија тешко наоѓаше место за него во нападот покрај Тоти, Жервињо, Итурбе и Љаиќ, по што „волчицата“ реши да ја прифати понудата на Милан.
 
„Дали сум целиот свој овде“?, се насмеа Дестро синоќа на презентацијата во Милано, каде речиси сигурно ќе има повеќе простор за игра од Рома.
30 јануари 2015 - 12:35