Серија А ја стартуваше 2022-ра со четири одложени натпревари поради многу позитивни од Ковид. Една од средбите која се игра е Сасуоло - Џенова, на која Андриј Шевченко се обидува да стигне до деби победа како тренер на Џенова. Резултатот го отворија гостите уште во 7 минута преку атракцијата на Матиа Дестро. Пандев е на клупа.