Пандев држи неколку достигнувања во најдобрата италијанска лига Серија А, а откако во неделата влезе во игра од клупата, педантните статистичари пресметале дека тоа бил 153. негов настап од клупа за резерви.
Гоче го држи и рекордот по број на натпревари на кои бил заменет од игра (199 меча) и следниот пат кога како стартер ќе биде изваден од игра ќе му биде јубилеен 200-ти.
Човекот кој ја однесе Македонија на прво историски Европско првенство, во Италија игра веќе речиси 20 години. Тој е еден од ретките странци со преку 400 натпревари во Серија А (445) и се наѕира прекрасниот јубилеј од 100 гола во елитното друштво кој едвам го чекаме.
Mostraci la via (per la panchina), Goran!
— Seconde Linee (@SecondeLinee) January 24, 2021
Con l'ingresso in campo in #GenoaCagliari, Goran #Pandev è diventato il calciatore con più partite giocate da subentrante in #SerieA
(153). 🇲🇰
Il macedone detiene già il primato nel numero di sostituzioni subite (199).