Здружението навивачи на Џенова, клуб кој во овој град и низ Италија има илјадници приврзаници, објави честитки до Горан Пандев и жал што нема да можат да го поздрават од трибини против Парма:
Campione del Mondo per Club, Champions League, Scudetto, 2 Supercoppe Italiane, 5 Coppe Italia di cui 2 volte...
Posted by Associazione Club Genoani on Friday, 13 November 2020
„Светско клупско првентво, европски шампион, 'скудето', два италијански суперкупа, пет италијански клуба, шампион на Турција, Куп на Турција, пет пати најдобар фудбалер на Македонија... Ова е Горан Пандев, нашиот Горан Пандев!
Не го освои ова случајно, треба да си шампион, да го сакаш спортот, но за да го направиш тоа со твојата репрезентација, на 37 години, мора да си човек. Голем човек, кој дава сѐ од себе до крај, кој на секој тренинг доаѓа со дух на млад дечко, кој секојпат е достапен за тренерот, никогаш не бил без почит. Сите ние Џеновјани сме горди посебно зашто 'грифони' ги носеше сам на грбот, верувавме во тебе со целото срце.
Само за едно ни е жал - дека нема да може да дојдеме на 'Мараси' на следниот меч со Парма, да го наполниме и да ти честитаме со громогласен аплауз, голем човеку, шампионе!“, стои во пораката на навивачите на Џенова.