За време на првиот пенал за Јуве во 78' минута при резултат 1-1, Перин, кој е голман на Јувентус позајмен во Џенова, го прашува Роналдо: „Во средина пак, а?“
Кристијано не одговара, ладнокрвно дава гол и додека слави му вика: „Кај си Перин?! Кај си Перин?!“
Пред крајот од мечот во самиот финиш Јуве добива слободен удар на 38-40 метри од голот на Перин кој им вика на своите: „Никаков жив ѕид, тргнете се, тргнете се. Не, никој. Треба да ја гледам топката“, веројатно во обид да го испровоцира Роналдо да проба да шутира од толкава далечина.
Ама Кристијано го игнорира, се залетува и наместо шут, додава до соиграч.
„Се плашиш, а? Што не шутна без жив ѕид, се плашиш, а“?, му вика Перин, а Португалецот мирно тргнува кон соблекувалните. Италијанскиот голман едно време беше и во Јувентус па од таму се познава со Кристијано Роналдо.