И на клупа да ги имаш овие имиња, ќе ти завршат работа. Кусата листа вели вака:
Мирослав Клосе (38)
Како старееше беше се подобар и подобар и кога во Лацио потпиша на 33 години никој не очекуваше дека ќе им биде од толкава корист и дека ќе им стане миленик. По пет сезони си замина, а во меѓувреме стана најдобар стрелец за Германија, како и на Мундијалите. Се зборуваше дека ќе игра во САД или Австралија. Но потпиша никаде, а не објави ниту дека ќе оди во пензија.
Антонио Ди Натале (38)
По 12 години го напушти Удинезе. На праг е да наполни 39 години, но ниту во еден момент клубот не се сомневаше дека може да помогне на терен и покрај годините. Антонио Ди Натале беше на два пати најдобар стрелец во Серија А, а за Удинезе запиша 227 голови. Ги одби понудите од Кина и МЛС лигата.
Димитар Бербатов (35)
Поранешниот напаѓач на Баер Леверкузен, Тотенхем и Манчестер Јунајтед минатата сезона ја мина во ПАОК, а од ова лето бара нов клуб. Имаше понуда од арапските земји, а се зборуваше дека е блиску до Палермо. Ете им шанса на Вардар каде како младинец не го сакаа.
Раул Миерелес (33)
Последните четири сезони Португалецот кој игра во среден ред ги помина во Фенербахче, а претходно беше член на Порто, Ливерпул и Челси. Се зборуваше дека ќе направи трансфер во Бурнемут или Рома, но тоа не се случи.
Мартин Касерес (29)
На оваа листа тој е единствен кој има под 30 години. Уругвајскиот стопер имаше проблеми со повреди, а во Јувентус беше и привремено суспендиран бидејќи возеше пијан и направи судар со автобус. Со оглед на тоа што нема уште ни 30 може да игра уште долго да биде корисен. Се зборуваше дека можеби Конте ќе го земе во Челси.