Без сомнение нивните познати имиња ќе ги запалат сирените во европските клубови. Сонот на секој спортски директор е кога преговара со слободен играч, кој не е обврзан од клубот.
Млади фудбалери, но и оние пред крајот на својата кариера, сите летово ќе бараат нов клуб како слободни играчи. Сезоната на лов ќе се отвори на 1. јули кога на некои фудбалери и официјално ќе им заврши договорот.
Додека Дани Алвеш преговара со Барселона за продолжување на новиот договор, Сами Кедира веќе е пред вратата на Јувентус кој му понуди 3-годишен договор за четири милиони плус бонус. Слободен фудбалер е и Стивен Џерард, кој сепак ќе потпише со Лос Анџелес Галакси, како и Андре-Пијер Жињак, бомбардерот на Марсеј кој даде 21 гол сезонава. За него се заинтересирани Милан, Интер и посебно Лацио кој го сака Французинот за борбата за влез во ЛШ.
Рома е клуб кој сериозно ќе бара слободни фудбалери, а меѓу нив прва мета е Конопљанка од Днипро и Андре Ају од Олимпик Марсеј, иако брат му на Ају изјави дека фудбалерот би сакал да игра во Премиер. Рома е заинтересирана и за Луиз Адриано и за Глен Џонсон но за десниот бек Волчицата ќе има конкуренција во Ливерпул и Интер.
Најпознатите слободни фудбалери од 1. јули: Стивен Џерард, Андреа Пирло, Дани Алвеш, Рон Влар, Глен Џонсон, Јевген Конопљанка, Сами Кедира, Џејмс Милнер, Андре Ају, Емануел Адебајор, Андре-Пијер Жињак, Стефан Мбиа, Коло Туре, Емануел Ебоуе, Рафаел Ван дер Варт, Естебан Камбијасо, Матју Фламини, Дидие Дрогба, Луиз Адриано, Мишел Бастос, Димитар Бербатов, Белини, Аврамов, Пелисие, Лаѕари, Мексес, Ранокиа, Маури, Сторари, Пепе, Де Јонг, Есиен, Пацини, Абијати, Бонери, Барето, Касано, Кеита, Емануелсон, Ромеро, Јанковиќ, Макси Лопез, Лука Тони, Тото Ди Натале, Хавиер Савиола, Фарнеруд, Баша.