Големата надеж на Милан не можеше да посака поубав деби гол за Росонерите. Првата сезона имаше 37 настапи на сите натпреварувања, но не успеа да стрела и еве го сега уште во 2. коло против Каљари по само 12 минути со слободен удар кој нема да го заборави.
Се калеше во Бреша, поигра малку во Интер, а во Милан и во Јувентус ги броеше трофеите, вкупно 17. Ретко се раѓа играч со таква визија и капацитет, кадарен за многу фини нешта со топката. Италијаните го викаат „Il Mozzart del pallone“ (Моцарт со топката). Овие две минути се доволни за да се потсетиме каква играчина беше Пирло.
Уметникот со фудбалската топка е на самиот почеток на тренерската кариера и од старт му дадоа да го води големиот Јувентус. Не му оди баш најсјајно како што му одеше како играч. Беше лежерен и мајстор со топка. Не се изморуваше многу, играше со мозок.
Старите добри другари кои газеа во Милан, а сега се во тренерски води. Синоќа Гатузо (Наполи) го изненади Пирло со 1:0 (Јувентус), што значи снимкава не ќе да е од синоќа.
Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.
Стручниот штаб на Јуве се рекреираше со мал фудбал. Тој што сака да даде гол нека се моли да падне во екипата на главниот тренер кој има докторат на тема асистенции, без разлика што не е активен играч.
При погледнување на некоја фотографија од времето на моќниот Милан кој играше 3 финалиња на Лига на шампиони, освои пар скудета и имаше многу легендарни фудбалери, носталгија ги фаќа не само навивачите на росонерите туку и многу други.
Костакурта, Капело, Дел Пјеро, сите гости во очекување што ли ќе искоментира Џенаро на тоа што Пирло го назначија за нов тренер на Јувентус. Нема кај него дипломатски одговор, честито или слично, туку ваква реакција: Епа сега се заебал.
После поразот од Каљари 2:0, тренерот на старо-новиот италијански шампион Јувентус Маурицио Сари разочарано констатираше дека управата на Серија А ги провоцира и дека е лудо да играат 5 меча во 12 дена и тоа во пресрет на решавачкиот дуел со Лион во Лига на шампиони.
Андреа тука има 22 години, Роберто 34, а дуелот е Јуве - Бреша одигран на Деле Алпи во 2001-ва година. Заврши 1:1, затоа што овие двајца велемајстори така сакаат. Каков е бре тој прием и дриблинг после таа асистенција. Брилијантно.
Еден од најдобрите италијански фудбалери на овој век, кој пред неколку години ја заврши кариерата, го дал на суд Алесандро Палацоло, 48-годишен златар од Валенца кој присвојувал добра во негово име.
Андреа Пирло се повлече од фудбал пред две години, ама тоа не значи дека сме го заборавиле. Кај се заборава таква легенда. Беше тивок “убиец“ од слободен удар. Погледнете го убаво овој снајперски удар меѓу две глави. Голманот не се ни потруди.
Ретко се смее, ретко покажува емоции на лицето. Исто како Пирло ја има таа флегматична елеганција на теренот а што е најинтересно игра во Бреша, има долга коса и ја покрива истата позиција како Андреа на времето.
Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.
Откако собра цела плејада на славни фаци од Серија А, Пирло после прошталниот натпревар со истата банда продолжи во една позната дискотека во Милано каде ја славеа и титулата од Мундијалот во Германија. Ајде да ги видиме во овој спорт колку се мајстори.
21 мај 2018 ќе биде запаметен како датум на кој Андреа Пирло се прости од фудбалот на величествен начин. Му дојдоа најголемите ѕверки на италијанскиот фудбал а меѓу нив во одлична форма е и тренерот на Перуџа кој ќе игра во бараж за пласман во Серија А.
Легендата на Милан, Јувентус и општо на италијанскиот фудбал од синоќа и дефинитивно е во фудбалска пензија. Како никогаш до сега гледаме толку многу легенди на едно место за еден човек, кој очигледно многу вредел.
Салах е експерт по материјава затоа што веќе даваше голови без да се радува против поранешните тимови Фиорентина, Челси и Рома. Величината ја докажуваа уште неколку други фудбалери меѓу кои Батистута и Симеоне.
Откако по цели 12 години го напушти „Камп Ноу“, големиот Пеп Гвардиола на масата имал преку 10 понуди од големи европски клубови. Се решил да оди во едно градче во Италија со 197.000 жители.
„Ова е рај, мора да сонувам“, изјави најголемиот борец во историјата на италијанскиот фудбал кога го назначија за тренер на Милан. На 9. јануари наполни 40 години и за секоја година има по некоја занимлива искрена изјава.
Јувентус - Рома, големото дерби за чие ривалство во Италија снимаа и неколку филмови се игра во сабота од 20:45 на стадионот на Јуве. Миралем Пјаниќ и Александар Коларов би можеле да бидат во главната улога на овој меч.
Беше мајстор од 20, 25, 30, 35, 40 па и повеќе метри, а на последниот гол на видеово против Парма се чудеше и неговиот соиграч Роналдињо. Ги гаѓаше и вртени и сув лист. Едно е јасно. Не се бранеа. Ќе му фали ова играчиште на фудбалскиот свет.