„Сине, после Барса можеш да бираш, а ти доаѓаш во Бреша“

Откако по цели 12 години го напушти „Камп Ноу“, големиот Пеп Гвардиола на масата имал преку 10 понуди од големи европски клубови. Се решил да оди во едно градче во Италија со 197.000 жители.

Денес Бреша прета и мавта за да се спаси од испаѓање од Серија Б во трета лига. После 24 кола „Ластовичките“ се 18. место со освоени 26 бода од можни 72. Но пред 18 години оваа екипа беше една од најинтересните во Италија - за Бреша играа Хосеп Гвардиола, Роберто Баџо, младите Андреа Пирло и Стефан Апија.

Тренер им беше еден од најголемите тренерски легенди во Италија, стариот лисец Карло Мацоне:

„Викаат дека Пеп ја презел Барса без тренерско искуство. Тие луѓе појма немаат дека он беше готов за тренер со 20 години. После натпреварите тој не зборуваше за играта со соиграчите, туку ја анализираше со тренерите. Тој постојано доаѓаше до мене и јас еднаш не издржав: ’Пеп, многу си ми драг, ама дај остави ме на мира. Победивме веќе!“

Кога го прашав еднаш: „Зошто премина во Бреша? После Барселона ти можеш да играш каде сакаш во светот. Што правиш овде?“

Ми одговори: „Мистер, јас сакав само да играм со Баџо. Израснав восхитувајќи му се. Кога се појави таква можност, ни секунда не размислував.“

Јас бев многу приврзан со Гвардиола. Тој не беше просто само играч, туку и мој советник“.

Кога Баџо се вратил после една од многуте повреди, Пеп Гвардиола кога видел дека Роберто се спрема да влезе од клупата, дошол и му ја предал капитенската лента: ’Роби, ти си ми другар, лентава е твоја. Ти ја заслужуваш’.

„Баџо даде два гола на тој меч, и во соблекувалната јас му кажав на Гвардиола: ’Победивме благодарение на твојата постапка. Ти ќе станеш најдобар тренер на светот еден ден’. Можеби му ја претскажав судбината?“, заклучува Карло Мацоне кој денес има 81 година и е во длабока пензија.