Таг: роберто баџо

Снимка од Гвардиола, Баџо и Меси стара 14 години

Роби во 2010-та оди на Камп Ноу да гледа натпревар на Барселона предводена од Пеп, инаку стар негов пријател од времето во Бреша. Не штедат зборови за тогаш 22 годишниот Меси и веднаш се согласуваат дека е феномен. „Сè знае да прави на терен и многу е силен ментално“, вели Гвардиола за Лео кој потоа ќе им се појави. Со Мајкл Џордан го споредува.

Роберто Баџо се спрема за Наркос 4 сезона

Нема човек кој следи фудбал последниве 30 години, а да не знае кој е Роберто Баџо, симбол на италијанскиот фудбал, според некои најголем играч во историјата на оваа земја.

Роберто Баџо: Како би играл уште фудбал, им завидувам на денешните играчи

„Не знаете колку пати сонував да играм во мундијалското финале, да постигнувам голови и да победам за да ја развеселам Италија. Дали се помирив со пеналот? Мирот е силен збор. Тоа е нешто што не може да се избрише. Освојувањето на СП ми беше сон уште од дете“.

Кратка сторија за еден незаборавен кам бек на Роберто Баџо по кој фалеше поинаков крај

Ако треба да одбереме кој е синоним за бројот 10 и италијанскиот фудбал во 90-те, тоа сигурно е Роберто Баџо. Идол на многу генерации за кој се раскажува и ќе се раскажува. Цела Италија го сакаше на тоа пусто Светско, само Трапатони не.

Јапонска HD снимка од најпознатите мундијалски пенали 1994

Сме ги гледале многу пати, но обично од оној стандарден страничен агол. Ова е снимано од чело и ја доловува убаво целосната слика со се гужвата зад гол. Финале на СП 1994, Бразил - Италија 3:2. Промашуваат иконите Барези и Баџо.

Легендарната реклама со Баџо за виски Џони Вокер

Роби по промашувањето на култниот пенал против Бразил и Тафарел во финалето на Светско првенство 1994, имал само една девиза: Keep walking.

26 години од пеналот на Баџо во финале на Светско 1994

Светското првенство 1994 важи за еден од најлегендарните фудбалски турнири некогаш одиграни во историјата. Некои го паметат на прва по пеналот на Роби, некој по Ицо Стоичков, некој по Хаџи и лудите Романци, а некој по Ромарио и Бебето.

Елегантниот соло продор на Баџо на СП 1990

Него не можеш да не го сакаш, бидејќи ќе остане еден од симболите на италијанскиот фудбал. На денешен ден на Мундијалот пред 30 години на нивни терен, Италија ја пречека Чехословачка, а Роберто Баџо ја надигра одбраната, како фудбалот да е најлесна работа во свет. Олимпико во транс.

11 метри од вечноста

На 17 јули 1994-та година се одигра можеби најкултното финале на едно Светско првенство: се судрија титаните Бразил и Италија. Мечот заврши без голови па се отиде на пенали. А таму секунди и 11 метри го делеа легендарниот Роберто Баџо од историја и вечност.

Баџо, Јуве во Фиренца и култниот шал од трибините

Во 1991 година Роби Баџо се враќа во градот на Медичи откако со голем успех го носеше дресот на Фиорентина. Доаѓа со неговиот нов клуб Јувентус и во еден момент од мечот одбива да го изведе пеналот за Јуве. Му го дава на Де Агостини кој промашува и Фиорентина на крајот слави 1:0 со гол на Диего Фузер.

Откако Баџо не игра, не постои повеќе недела како ден

Седум екипи имаа привилегија да го имаат, но немаше некој да не го сака бидејќи беше фудбалер за сите. Легенда која ги рушеше и навивачките бариери. Мајсториште кое ретко се раѓа. Моќен во секој поглед. Пеп за прв пат почувствувал страв од свој соиграч.

Сака фудбал, а за Виери вика дека игра во одбрана

Водителот прво го прашува: Следиш фудбал? Да. Потоа треба да погоди нешто што го знаат точно и деца од основно. Ама деца што стварно следат фудбал. Attaccante е напаѓач, а difensore дефанзивец. По одговорите ќе сфатите колку е он уствари дудук на темава.

Најемотивниот натпревар на Баџо, Тони, Гвардиола и цел тим со се навивачите на Бреша

Освен овие тројца, за Бреша тогаш играа и Даниеле Бонера, Игли Таре, Карачоло и браќата Филипини, но оваа сторија не е поврзана со тоа кои познати играчи биле таму, туку за еден кој ги напушти ненадејно, а тие останаа во шок на терен и го баталија мечот.

Слаломот на Роберто Баџо е вечен

Помладите генерации, растени во ера на најдобрите двајца фудбалери во оваа епоха, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, можеби немале прилика да видат дел од магијата на италијанскиот шмекер.

Патот на Роберто Баџо и Италија на Светското 1994

Џанлука Паљука, Паоло Малдини, Франко Барези, Антонио Конте, Дино Баџо, Роберто Баџо - плејада врвни италијански фудбалери кои тргнаа послабо на Мундијалот а потоа маестрално стигнаа до финалето каде се случи легендарниот пенал на „малиот Буда“:

Пирло + Баџо = боли глава

Андреа тука има 22 години, Роберто 34, а дуелот е Јуве - Бреша одигран на Деле Алпи во 2001-ва година. Заврши 1:1, затоа што овие двајца велемајстори така сакаат. Каков е бре тој прием и дриблинг после таа асистенција. Брилијантно.

Денот кога Берлускони и Ањели се грабале за Роберто Баџо

Милан минатото лето му го продаде Де Шиљо на Јувентус за 12 милиони евра, а му даде 40 за да ја појача одбраната со Бонучи. Тоа се двата лански трансфери меѓу вечерашните финалисти во Купот, кои во 90-те имаа битка за еден од најдобрите напаѓачи во тоа време кој бил присилен да потпише за Јуве.

„Сине, после Барса можеш да бираш, а ти доаѓаш во Бреша“

Откако по цели 12 години го напушти „Камп Ноу“, големиот Пеп Гвардиола на масата имал преку 10 понуди од големи европски клубови. Се решил да оди во едно градче во Италија со 197.000 жители.

Горчината од таа грешка од белата точка ми е иста како во 1994-та

Кој му бил најтежок чувар, во која формација би играл денеска, колку пари би вредел. На овие и на ред други прашања поврзани со фудбалоот, одговара еден од поранешните мајстори со топката кој нема кој не го сакаше.

Еден од најубавите голови на СП 1990 на мајсториштето Баџо

Со по 1:0 ги победија Австрија и САД, а трета жртва на нивното мени во групната фаза беше селекцијата на Чехословачка со која се сретнаа на денешен ден пред точно 27 години. Кога Роберто Баџо ќе тргне од средина и ќе проигра со Џузепе Џанини се добива резултат по кој е задолжителна репетиција. Еднаш се раѓа вакво играчиште.

Легенда си кога ти се клањаат и противниците

16 мај 2004-та, последно коло во Серија А. Цел Сан Сиро е на нозе, не затоа што Милан ја победи Бреша со 4:2, туку затоа што за последен пат во дрес и копачки се појавува Роберто Баџо, еден од најдобрите италијански напаѓачи на сите времиња. 

Антологиски прием на Баџо на Деле Алпи

1 април 2001-ва, Јувентус води 1:0 против Бреша. На 5 минути до крај гостите израмнуваат откако еден 22 годишен дечко по име Андреа Пирло му дава топка со очи на 34 годишниот Баџо кој ја заврши акцијата на најелегантниот можен начин. Акција за во учебниците.

Дел Пјеро до Роберто Баџо: Ми беше сон да ти ја носам торбата

Кога една од најдобрите 10-ти во Италија на ваков начин ќе му честита роденден на друга таква 10-ка, тоа се вика респект и големина. Се гледа дека се од друга генерација.

Јас, Баџо и Гвардиола кој уште во Бреша беше печен за тренер

Тоа што Пеп Гвардиола до својата 46-та година има освоено 21 трофеј како тренер, не е само среќата што му се паднало да ги тренира Барселона и Баерн. Тој беше играч – организатор, кој размислуваше како тренер и додека беше активен фудбалер.