21 април, 2002. 77 дена по повредата на коленото, Роберто Баџо му се враќа на располагање на Карло Мацоне за натпреварот против Фиорентина.
Брзото враќање го сметаа за вистинско чудо, плус имаше 35 години, но беше и закрепнување со голема цел која се вика настап на СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.
Измената се случува во 70 минута. Излегува Џунти, влегува Баџо, а Пеп Гвардиола се стрчува накај аут линијата за да му ја предаде капитенската лента.
По правило не смее, а тоа му го кажува четвртиот судија, но Пеп се прави наудрен, го гушка капитенот и се тргнува на страна.
Неговиот кам бек го гледаат внимателно не само навивачите на Бреша, туку цела фудбалска Италија. Ги следат движењата на легендата, надевајќи се дека е во добра состојба.
Надеж која станува сигурна само 3 минути подоцна. Роби користи една асистенција на Лука Тони и дава гол со полуножички. 15 минути подоцна уште еден за триумф на Бреша од 3:0. Совршени сцени. Баџо се враќа со два гола.
Развојот на настаните водат накај бајка за која сонуваат сите италијански фудбалски фанатици, посебно самиот Баџо. Но на приказната ќе и фали среќен крај.
И покрај големиот притисок од јавноста, тврдоглавиот Џовани Трапатони нема да го земе на Мундијалот.
Да, Италија ги имаше и отпатува со славните Тоти, Дел Пјеро, Виери, Инѕаги, Монтела и Делвекио, ама Баџо е Баџо, симбол кој заслужи повик и на 35 години и кој ќе имаше голем импакт во италијанската репрезентација, која знаеме добро како помина на тоа Светско.
Баџо го прими тоа емотивно, му напиша и писмо на Трап кој беше критикуван од италијанската експертска фела што не го става на список, но Роби не доживеа уште еден Мундијал кој требаше да му биде четврти.
Многумина тоа го сметаа за неправда.
Се огласи Кореецот кој го избркаа од Перуџа затоа што ја исфрли Италија од Светско