Се враќаме наназад во италијанско на денешен ден 2002-ра година, сезона во која титулата ја бранеше Рома, а ја освои Јувентус предводен од Дел Пјеро, Трезеге, Недвед, Конте и остала банда, водени од Марчело Липи.
Ден на кој тогаш Парма предводена од Себастијан Фреј, Хидетоши Наката, Хакан Шукур, Фабио Канаваро, Марко Ди Вајо, Алмеида...ја пречека Бреша во полуфиналето од Купот на Италија
Додека играчите влегуваат на терен мирни и концентрирани, на стадион атмосферата е чудна. Навивачите на Бреша почнуваат неочекувано да скандираат „Засрамете се“, а тие се загреваат и се гледаат чудно меѓу себе.
Раководството знаело, исто и навивачите, но никој од фудбалерите не разбира што е муабетот. Од трибината каде што биле сместени гостински навивачи некако успеваат да ги повикаат фудбалерите на Бреша.
Им се доближува Роберто Баџо кој откако слушнал што се случило камерите го фатиле како уште еднаш ги прашува и од уста му се чита: Меро? Потоа ги вади ракавиците, ги фрла на земја и си заминува. По него и неговите соиграчи кои исто така слушнале што се случило.
Во меѓувреме судијата Чезари се доближил со четвртиот судија кој веќе зборувал нешто со луѓето од стручниот штаб на Бреша.
Нивниот член и дел од одбраната, Виторио Меро загинал во сообраќајна несреќа. Натпреварот требаше да почне во 17:30, а Меро загинал во 13:55 на автопат враќајќи се од пат со семејството. Не бил дел од мечот поради жолти картони.
Капитенот Баџо во солзи заедно со своите соиграчи го напуштиле теренот и мечот бил одложен. Но четири дена подоцна не можеле да го одложат и првенствениот натпревар против Лече на гости.
Лече кој тогаш ги имаше Мирко Вучиниќ, Валериј Божинов (17 години), Шевантон, Ледезма, Џакомаци... на 27 јануари ја нагостија незгодната Бреша.
Фудбалерите на двата тима се гушнале во круг, а на тревата го ставиле дресот на Меро. Сите до еден скиснати, Баџо во солзи, а Филипини едвај воздух зема.
Болката на гостите се претвори во бес со кој победија 1:3. Два гола на Тони и еден на Емануеле Филипини во 90-та за печат на мечот. Година и пол немал стрелано. Овој пат погоди и се фрли на земја во солзи.
„Виторио ми беше цимер и не можам никогаш да го заборавам. Токму тој од таму горе ми помогна да дадам гол“, изјави Филипини.
Дресот со број 13, Бреша го повлечен во чест на трагично загинатиот Виторио кој почина на 27 години.