Роберто Баџо

Горчината од таа грешка од белата точка ми е иста како во 1994-та

Кој му бил најтежок чувар, во која формација би играл денеска, колку пари би вредел. На овие и на ред други прашања поврзани со фудбалоот, одговара еден од поранешните мајстори со топката кој нема кој не го сакаше.

И 23 години по најболниот момент од кариерата, Роберто Баџо се потсеќа и раскажува тоа што го чувствува за најтрагичниот промашен пенал во кариерата. Полошо не можеше да биде, бидејќи се работеше за финале на еден Мундијал.
 
Еден од најомилените италијански напаѓачи освен за решавачкиот пенал на мечот Италија - Бразил на СП 1994, во интервју за Кориере дела Сера дава мислење и за други фудбалски теми.
„Сакам да се навраќам на тие години. Тоа се интимни, длабоки и многу убави спомени. Тие патишта беа полни со значење: замор, тешкотии и решителност со кои успеавме да стигнеме до таму каде што можевме. Никогаш не помислив дека еден ден луѓето ќе сакаат да ги носат дресовите кои ги носевме ние. Тоа значи дека сме оставиле белег. Баш ми е мило. Мислам дека тоа се должи на тоа што секогаш успевав да ги забавувам луѓето со мојот едноставен начин на игра. Остана само едно жалење и тоа многу големо. Ми се случува уште да мислам и да се навраќам на промашениот пенал. Горчината ми е иста од 1994-та и не е намалена. Мислам дека никогаш нема да ми помине, иако верувам дека можевме многу повеќе да направиме на Мундијалот во 1990-та.

За Фиорентина, каде играше 5 сезони и од каде во 90-та направи трансфер во Јувентус.
„Во однос на Фиорентина имав и секогаш ќе имам големо чувство на благодарност за двете години пауза после првата повреда на коленото. Не можев да играм, а навивачите секогаш ме поддржуваа, ми велеа да не се предавам бидејќи ќе ме чекаат колку што треба за да се вратам. Тоа се работи кои не се забораваат.“

Разликите меѓу неговото и денешното време.
 
„Во времето на Пеле и Марадона не постоеа денешните правила. Сега напаѓачите се многу повеќе заштитени. Мислам дека сега да бев активен фудбалер, кариерата ќе ми траеше некоја година повеќе. Тоа не важи само за мене. Сега за разлика од порано, сега можеш да добиеш црвен картон уште при првиот фаул. Ќе добиеш удар и не знаеш ниту кој те удрил. Инаку во играта предводена од Ариго Саки не беше лесно. Јас доаѓам од фудбал во кој секој требаше да смисли по нешто. Ја немаше фудбалската култура што ја има денес. Тоа што го знаеш е од улица и никој не те учи друго. Тие што играа на моја позиција се мачеа. На пример Ѕола за да фати место во прв тим мораше да оди во Англија“
На која позиција би играле денес?
Втор напаѓач во формација 4-3-1-2, значи до оној што е најистурен шпиц.
Платини ви даде оценка 9,5?
„Тоа беше реалност“.

Најтешкиот играч од одбрана со кој сте се соочиле?
„Паоло Малдини. Кога ќе те сретне, знаеш дека нема да го поминеш. Беше голем и силен и по лева и по десна страна. Треба да споиш заедно 15 играчи за да направиш еден како него“.
 
Ваш наследник?
„Не знам кој би бил, но следам многу јужноамерикански фудбал. Како навивач на Бока Јуниорс ми се допаѓа многу Рикардо Чентурион“.
Кога Баџо замина во Јуве, чинеше 25 милијарди лири (околу 12,5 милиони евра), колку би вредел сега?
„Немам идеја, вели Баџо, но неговиот менаџер Роберто Пероне пука на високо: 150 милиони долари.
24 јули 2017 - 15:13