Баџо има 5 вкупно објави на Инстаграм каде го следат 344.000 луѓе и тоа не го води сам, туку ќерка му и тоа е единствената официјална социјална мрежа од него.
И не треба да чуди за човек роден 67-ма, кој очигледно не го влече тоа ден губење, исто како со Јокиќ.
На последната објава се појавува како држи уметничка фотографија со портрет од неговиот лик и пишува дека се спремен да глуми во Наркос 4.
Сликата делува веродостојна, ама шокантна за фановите, бидејќи делува како да се направил едно 120 кила, а тоа да ти било монтажа, бидејќи ако скролнете ќе видите уште една фотка со сегашниот реален изглед.
Инаку Роберто Баџо е еден од легендите кои ги одбележаа златните фудбалски денови кога се играше со многу поголема љубов, а за помалку пари и кога фудбалот како да имаше повеќе драж. Култен лик кој те тераше да го гледаш и да навиваш за Италија.
Кариерата ја почна во Виченца 1982-ра, а ја заврши во Бреша 2004-та. Во меѓувреме тресеше мрежи за Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња и Интер.
Освои премалку со оглед на тоа каков играч беше. Скудето, Куп на Италија и Куп на УЕФА со Јувентус и плус уште едно Скудето со Милан.
Пикот на кариерата му беше во 1993-та кога ја освои Златната топка и беше прогласен играч на годината според ФИФА.
Дали се помирив со пеналот? Мирот е силен збор. Тоа е нешто што не може да се избрише, одговори во едно интервју направено лани.