26 години од пеналот на Баџо во финале на Светско 1994

Светското првенство 1994 важи за еден од најлегендарните фудбалски турнири некогаш одиграни во историјата. Некои го паметат на прва по пеналот на Роби, некој по Ицо Стоичков, некој по Хаџи и лудите Романци, а некој по Ромарио и Бебето.

На 17 јули 1994 година на стадионот „Роуз Бол“ во Пасадена, легендарниот Роберто Баџо го промаши најпознатиот пенал во историјата на фудбалот а репрезентацијата на Бразил стана светски шампион.

Мундијалот во САД буди носталгија кај многу генерации. На тоа Светско 1994 учествуваа 24 репрезентации а во плејофот можеше да се влезе и од 3. место во групата.

Во 2026 година домаќин на Светско првенство одново ќе биде Северна Америка - ќе се одржува во Мексико, Канада и САД (барем е планирано да се одржува).

Да се потсетиме на едно од најубавите Светски првенства во историјата на фудбалот:

Германија со 1:0 ја победи Боливија а Јирген Клинсман го постигна првиот гол на Светското

На стартот, Шпанија освои само бод со Јужна Кореа. Мигел Анхел Надал (чичко на Рафа) доби црвен картон уште во 25' минута

САД со култниот Алекси Лалас отворија против Швајцарија на стадионот во Понтиак

И да, омилениот на многумина на тоа Светско, Карлос Владерама од Колумбија која на почеток изгуби 3:1 од неверојатната Романија на Хаџи

Ирците полудеа од среќа кога ја победија Италија со 1:0. На средина од фотографијата - селекторот Џек Чарлтон кој на 10 јули 2020-та година почина на возраст од 85 години

Ромарио го отвори резултатот против Русија а „кариоките“ славеа со 2:0

Аргентина ја разнесе Грција со 4:0. Габриел Омар Батистута постигна хет-трик, а Диего Марадона го даде последниот гол за репрезентацијата на својата земја

Нигеријците играа со најлуди дресови. Ја празнуваа победата против Бугарија

Матијас Замер и Пеп Гвардиола

Георге Хаџи и почетокот на походот на Романија. Со 4:1 ја победија Швајцарија и тргна нивниот сензационален марш

Андрес Ескобар, синоним за трагичен настан. Си даде автогол против домаќинот САД и Колумбија изгуби 1:2. После две недели Ескобар беше убиен во Меделин. Убиецот шест пати пукал во него и според митот, секој пат извикувал: „Гол“!

За многумина најдобра и најубава селекција на Мундијалот - Италија. Аѕурите лесно ја совладаа Норвешка а стрелец на голот беше Дино Баџо

Бразил традиционално на тоа Светско излегуваше на терен така што сите фудбалери се држеа заедно за рака. Неверојатниот состав го прегази Камерун со 3:0

Култниот лик, идол на многу генерации - Клаудио Каниџа постигна 2 гола во триумфот на Аргентина над Нигерија 2:1. После овој меч Марадона бил подвргнат на допинг тест: во крвта му биле пронајдени пет забранети супстанци. Го дисквалификуваа на цели 15 месеци

Од тогаш веќе никогаш не заигра за Аргентина

Грција одново прими четири парчиња. Овој пат Бугарите им пресудија. Ице Стоичков даде два гола од пенали

Пента-трикот на Олег Саленко, шпицот на Русија кој постави луд рекорд како прв и ден-денес единствен фудбалер кој постигнал пет гола на еден натпревар на Светско првенство.

Русите го прегазија Камерун со 6:1 но залудно зошто испаднаа

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Сегодня 50 летний юбилей у лучшего бомбардира чемпионата мира 1994 года Олега Саленко. Единственного человека в мире, который забил 5 мячей в одном матче в финальной стадии чемпионата мира. Пеле, Герд Мюллер, Роналдо, Месси не смогли, а Олег Саленко смог. Произошло это в 1994 году в матче со сборной Камеруна, который сборная России разгромила 6-1. В воротах в той игре стоял нынешний главный тренер сборной России Станислав Черчесов. @Fifaworldcup подготовила поздравительный ролик #ссср #россия #камерун #саленко #олегсаленко #1994 #чемпионатмира #нашипарни #черчесов #ussr #russia #cameroun #cameroon #wouldcup #fifa #uefa #record #teamrussia

A post shared by Alexey Yuric (@alexeyyuric) on

Даниеле Масаро дава гол против Мексико и носи бод за Италија 1:1. Во таа група имаше многу апсурдна ситуација: сите екипи имаа по четири бода и гол разлика 0. Во плејоф влегоа Мексико, Ирска и Италија а Норвешка испадна зошто дала најмал број на голови - само еден

Саид Ал Овајран го постигна најубавиот гол на Светското првенство со кој Саудиска Арабија влезе во 1/8 финале

Роналд Куман и Холандија се намачија со Мароко, но на крај освоија 3 бода и го освоија првото место во групата

Красимир Балаков и Христо Стоичков - едни од најголемите ѕвезди на тоа Светско. Стоичков постигна два гола против Аргентина

Германија едвај ја совлада Белгија со 3:2

Можете да погодите кој е овој играч? Луис Енрике слави гол против Швајцарија во 1/8 финале

Кенет Андерсон и Клас Ингесон слават победа над Саудиска Арабија

Аргентина не можеше да се опорави по шокот со Марадна и изгуби 2:3 од Романија. Победничкиот гол го даде Карпатскиот Марадона

Денис Беркгамп ги олади Ирците

Селектор на Америка беше легендарниот српски тренер Бора Милутновиќ кој беше најзаслужен што САД се вљубија во сокерот. Чика Бора однесе дури 5 репрезентации на Светско првенство во кариерата

Магијата на Роберто Баџо со два гола против Нигерија која ја испрати дома

Бугарија ја живееше најубавата бајка - отидоа во големото четвртфинале по серијата пенали против тврдиот Мексико

Баџо го матираше и Зубизарета против Шпанија и ја однесе Италија во полуфинале

Холандија и Бразил го одиграа најспектакуларното полуфинале на тоа Светско првенство. Во вториот дел од мечот постигнаа 5 гола, Јужно-американците 1 повеќе

А најголемата сензација ја направија Бугарите. Германците мирно водеа, но Бугарија направи луд пресврт со 2 гола за 2 минути. Светски шок!

Томас Равели му брани пенал на Миодраг Белодедиќ и ја праќа Романија дома

На „Giant Stadium“ во Њујорк „репчето“ со нови два гола и тоа во рок од 4 минута ја застана Бугарија и ја однесе Италија во големото финале

Како што растураше Баџо, толку доминираше и Ромарио. Низок по раст ама одличен во игра со глава. Бразил - Шведска 1-0 (80' минута Ромарио)

Во мечот за 3. место Швеѓаните беа поспремни од Бугарија и го освоија бронзениот медал. 22-годишниот Хенрик Ларсон беше играч на мечот

Големото финале пред дури 96.000 гледачи се играше во Пасадена. Ова финале важи за едно од најголемите во историјата на фудбалот.

Единствениот меч во плејофот на ова Светско првенство на кое гол не постигна Роби Баџо. А имаше пар многу добри шанси. Култниот момент во пенал серијата кога Бразил ја освои 4. светска титула и стана единствена репрезентација со ваков подвиг

Промашувањето на Баџо и еуфоријата кај Бразилците:

Тетракампеон

17 јули 2020 - 18:05