Светското првенство 1994 важи за еден од најлегендарните фудбалски турнири некогаш одиграни во историјата. Некои го паметат на прва по пеналот на Роби, некој по Ицо Стоичков, некој по Хаџи и лудите Романци, а некој по Ромарио и Бебето.
Во тоа време Диего важел за најпопуларниот човек на цела планета Земја, па американските компани, поддржани од власта, сакале да го направат Американец преку ноќ со 100 милиони долари. Диегито само одмавнал со рацете. No gracias.