Џенаро во три реченици:
1. „Склон сум на напорна работа. Мислам дека тоа е болест“.
2. „Во Милан се чуствував како навивач, капитен, претседател“ (мај 2016).
3. „До 13 години играв само на плажа. Не знаев да изведам, не знаев да подадам. И таков, го освоив Светското првенство“.
Младоста
4. „Во детството сакав да станам рибар“.
5. „Во недела играв на плажа со другарите. Канти за бензин ни беа голови. Замислете колку среќа имаа тие што ќе се удреа во нив со глава“.
6. „Тато, се зафркавам, ќе одам“ (после муабетите дека ја одбил понудата на Глазгов Ренџерс).
7. „Првите месеци во Глазгов седев во соба и постојано гледав само Rai Uno. Имав 18 години и дремев во хотелот со денови гледав „Кварк“ (научно-популарно шоу).
Стил
8. „Противниците бегаат од мене, зошто јас секогаш сум гладен на теренот“ (декември 1999)
9. „Да се родев квадрат, ќе умрев округлест“.
10. „Да го пропуштам Светското поради повреда?! Па ќе се приковам на автобусоот на репрезентацијата ако треба“ (пролет 2006).
11. „Како преживувам пораз? Сам, во кујна. Јадев путерен леб и го раскинував на парчиња, замислував дека тој е противникот кој ме победил мене“.
12. „Никогаш од никого не сум барал автограм. Би побарал од Марадона, но не сум го сретнал“.
13. „Кога дојдов во Милан, уште не бев јак, но нешто можев да направам“.
14. „Еднаш само завршив меч со сув дрес на мене. Играв тогаш за младинците на Перуџа. Имав температура 38“.
15. „Сакав да се клонирам себе. Ако 11 Гатузовци би играле против 11 Монтеловци, не би изгубиле“ (февруари 2008).
16. „Ме дисквалификуваа на пет меча. Казната траеше како пет месеци затвор“ (февруари 2011, после конфликтот и тепачката со помошниот тренер на Тотенхем, Џордан).
17. „Можам да пропуштам финале поради жолти картони? Имам впечаток како жолт веќе да ми дале. Нема да одам да врзам појас на глава како Рамбо и намерно да барам опомена. Ќе го изедам картонот ако ми дадат жолт“. (пред полуфиналето на Светско 2006).
18. „Кога игравме со Франција, имав задача цело време да пазам на Зидан. Ноќта пред мечот не спиев и се молев да се случи чудо“.
19. „Таков сум каков што ме гледаат луѓето. Одлично сфаќам дека во животот, како и во фудбалот, облеката не значи ништо“.
20. „Во Глазгов имаше еден дечко на моја возраст, кој сакаше да ми ги чисти обувките. Му кажав дека тоа е понижувачки за него. Јас сам можам да си ги исчистам чевлите“.
21. „Мора себе подобро да се контролирам. На дербито уште бокс не му удрив на Роналдо во лице“.
22. „Ако го освоиме Светското, целата премија ќе ја дадам во црквата“ (декевмри 2004)
23. „Верувам во Бога. Во црквата помалку. Таму има толку многу злато, а деца умираат од глад“.
Милан
24. „Треба јас да му платам на клубот за тоа што ми дозволи да играм за него, а не обратно“ (мај 2005).
25. „Милан е наследство на УНЕСКО. За разлика од Манчестер Сити и ПСЖ во кои нема историја“.
26. „Моето омилено дерби - дуелот во Лигата на шампионите, кога Абијати спаси решавачки гол со јајца“.
27. „На 20 години ја стрижев брадата во соблекувална и не исчистив зад себе. Костакурта ме опомена: ’Ти не си дома, прибери се!’ Во нашата соблекувална секогаш имаше правила, сега во Милан го нема тоа“ (мај 2015).
Соиграчи и противници
28. „Кака е феномен, 100%. Ако годинава не ја добие Златната топка, јас ќе му ја купам“ (мај 2007).
29. „Кака еднаш ми направи школска финта. На првиот тренинг пробав да му ја земам топката, но така ја сокри што немав шанси. Тогаш помислив: овој или има мотор во него, или просто е од друга планета“.
30. „Кога гледам како игра Пирло, почнувам да сомневам дали сум јас фудбалер?“
31. „Недвед? Има страшен шут, мојот во споредба со неговиот е срање. Моја најлоша навика е што многу гестикулирам. А негова што постојано паѓа“.
32. „Му се восхитувам на Ѕанети. На 36 години ја ќе ползам по земја“.
33. „Најдобриот меч? Против Јувентус во Манчестер. Ги надминав своите можности. Памтам кога претрчав 120 метри за да го спречам голманот да исфрли топка“.
34. „Најнезгоден противник? Брандао од Шахтјор. Играше страшно, постојано ме удираше со раце во лице. Не знаев како да се бранам“.
35. „Тоти е најдобар играч на светот“ (јануари 2004).
36. „Мој наследник? Ми се допаѓа Наинголан. Многу е порешителен од мене, но јас бев побрз“.
Тренер
37. „Во Сион се прашував себеси: ’Што правам јас? Може се да изгубам’. И си одговарав самиот на себе: ’Затни се и работи. Сакав да се почуствувам дека сум жив’.
38. „Ѕампарини е апсолутно некомпетентен“ (за претседателот на Палермо).
39. „Ова е рај. Ова е сон на јаве“ (ноември 2017, кого го промовираа за тренер на Милан).
40. „Подобро да ме забодеа со нож, отколку што примивме таков гол“ (после голот на голманот на Беневенто со глава).