Во јануари ретко кој се нафаќа да потроши многу пари и екипите најчесто преговараат со играчите кои во јуни ќе станат слободни во изборот на нова средина. Еве ги најатрактивните меѓу нив.
Ова лето ќе биде лето на слободни играчи, затоа што на многу фудбалери им истекува договорот и од 1-ви јули 2015-та ќе можат без проблем да си бираат нов клуб.
По крајот на актуелната сезона, големите европски тимови ќе се обидат да ги ангажираат: Дани Алвеш, Семи Кедира, Јевген Конопљанка, Андре Ајо и Џејмс Милнер, фудбалери на кои им завршуваат договорите, а нема да потпишуваат нови.