Химзо Половина е роден на 11-ти март 1927-ма во Долно Маало во Мостар. Музиката ја прима преку својот татко Мушан кој добро свирел шаргија ("Ил ме жени ил шаргију купи, ја по нечем ударати морам"). Пред Втората светска војна учи виолина кај професорот и мајстор на виолина од чешко потекло, Карл Малачек.
За време на пеачката кариера завршува медицински студии и специјализација. Станува невропсихијатар кој во пракса успешно применува методи на социо и музикотерапија. Еден е од најценетите лекари во Специјализираната болница за ментална рехабилитација во Сараево, каде што работи до својата смрт.
Химзо Половина умира на денешен ден (5-ти август), 1986-та година.
Не е доволно коректно да се отпее песна. Има тука уште нешто. Треба да се продре во внатрешното ткиво на песната. Таа има свои слоеви како мајдан (каменолом). А секојa, па и најлошата песна, има свој утроба, како што имаме вие и јас. До таа утроба треба да се знае да се продре. Треба да се сака да се продре. Кога ќе за позанимавате со таа "геологија" или со таквата "анатомија", па кога ќе влезете во песната а песната ќе влезе во вас, па кога таква песна ќе пуштите кон другите, тогаш другите ќе сфатат дека не е тоа песна заради песна, туку нешто повеќе од тоа. Песната треба да се "донесе".
Химзо Половина