Фудбалери со занимливо хоби

Бербатов црта, а Чави и Пике берат печурки

БиБиСи направи листа на фудбалери кои во слободно време имат разни, необични хобии. Од Аршавин до Бербатов, неколку играчи одмор од вревата наоѓаат во интересни работи.

Џо Ален - фармер
 
Играчот од средниот ред на Ливерпул имал своја мала фарма близу градот, а претходните денови се појави на насловната страна на земјоделскиот часопис „Кокошки и јајца“ каде ја опиша својата приврзаност за кокошките и кравите.
 
Петр Чех - тапанар
 
Голманот на Арсенал обожува музика и неколку пати досега ги покажуваше своите тапанарски способности, и во времето кога беше во Челси и сега во Арсенал.
 
Даниел Агер - тату мајстор
 
Поранешниот стопер на Ливерпул е исцртан по целото тело. Нема дел од телото каде нема тетоважа, по што и самиот ги завлекол ракавите и го изучил овој занает и сега тетовира.
 
Андреј Аршавин - моден дизајнер
 
Русинот за кој постоеа гласни шпекулации дека би можел да игра за Вардар по професионалната фудбалска кариера би можел да започне модна кариера. Во едно интервју изјави дека бил талентиран за хемија, но поради фудбалот морал да се префрли на студии кои би му давале повеќе време за тренирање.
„Беше смешно првиот пат кога дојдов на предавања. Јас и 20 девојки околу мене. Но брзо се снајдов и веднаш почнав да работам што треба“, прокоментира Русинот кој во моментов игра во Казахстан.

Димитар Бербатов - уметник
 
Уште еден фудбалер за кој постои анегдота дека на времето требал да игра во Вардар, но во Парк не му го препознале талентот. Бугаринот обожува да црта со молив. Има неколку врвни портртети на Снуп Дог и Марлон Брандо, и за глумците од Брејкинг Бед.
 
Тони Хиберт - има рибник
 
Фудбалерот на Евертон сезонава уште не заигра, има 35 години, па така има и доволно време за своите риби.
 
Дарен Вард - сопственик на хотел за мачки
 
37--годишниот капитен на нисколигашот Јеовил Таун има уште една работа на страна. Сопственик е на хотел за мачки за кои се грижел целиот живот.
 
Чави - печуркар
 
Поранешниот капитен на Барселона е одличен познавач на печурки, а слободните денови ги користи да прошета во каталонските шуми и да собере некоја сочна печурка.