Џерард објаснува како Сколс би се снашол во сегашната Премиер лига

Играа заедно за репрезентација, но цела кариера беа ривали во нивните клупски кариери како легенди на Ливерпул и Манчестер Јунајтед. „Би ги тероризирал сите“, вели Стив за Пол.

Споредбите меѓу великаните на Премиер лигата се вообичаени, но Џерард верува дека би имало само еден победник ако двајцата би биле дел од таканаречениот модерен фудбал.

„Тој би ги тероризирал сите во Премиер лигата во моментов“, вели Џерард во подкастот на Рио Фердинанд.

„Тој би бил најдобриот играч од средниот ред во Премиер лигата, без сомнение. Дали можам јас да бидам Стивен Џерард истиот од тоа време. Не сум сигурен. Би морал да се адаптирам и мислам дека тоа би одзело многу од мојот стил. Мислам дека Сколс сега, без сомнение, би бил најдобриот играч од средниот ред во Премиер лигата. Тоа е Факт“.

„Сколси, за мене, беше многу добар во среден ред во контрола на играта. Тој може да ја промени играта. Кога ќе му се приближите, може да ве заобиколи, може да игра со надворешната страна на ногата, да постигне важни голови, да го направи последното додавање“.

9 октомври 2025 - 14:50