Одберете некој од готовите ставови:
- Сексуалните работнички се лица кои заради овдешното општествено лицемерие, конзервативната средина и назадните законски решенија се обесправени, стигматизирани и принудени да работат во крајно нечовечки услови. Кога веќе вината за тоа што мора да се на улица не е кај нив, тие имаат секакво право да искористат сè што ќе им помогне да ја преживеат суровата зима и крајно мизерните услови во кои се принудени да работат.
- Горењето дрва директно ја влошува состојбата со скопскиот воздух кој сите ние мора да го дишиме. Во случајов тоа се прави крајно неодговорно, на отворено, необезбедено, во близина на цели стебла кои можат да се запалат и да настане дополнителна материјална штета и не дај боже човечки жртви. Секој граѓанин, без разлика на својата професија треба да биде свесен за штетата која ја прави и да понесе одговорност.
Странични цаки кои можат да се употребат во кавги на социјалните мрежи:
- За Бадник нè отековте нас православните христијани со тоа како палењето дрва го гушело Скопје. Кај сте сега да реагирате? Бадник е еден ден а ова секој ден го прават.
- Најголемо загадување во оваа држава е власта. Овде нема да се диши почисто сè додека таа не замине, тоест согори во печката на историјата.
- Ако толку се секирате за овие, што не одите да им помогнете, да ги згрижите дома или да им носите топла облека и храна? За кучиња, мачиња, одма рипате, а покрај овие поминувате мртви ладни додека сити и топло облечени одите по забави.
- Не им е гајле нив за ова пошто на Халкидики е потопло.
- Државата дава субвенции за пелети, само што овие не се пријавиле. Си се знае процедурата и таа е иста за сите.
- Политиката и проституцијата се сродни и конкурентни дејности. Затоа на овие девојки никој политичар нема да им помогне. Ниту некој ќе викне камери кога ги сослушува нивните проблеми ниту некој ќе се слика селфи со нив.
- Продавам веспа, имбокс плиз.